Топ Новости >

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

  • Четврток, Дек 07 2017


Граѓанската неформална иницијатива „Југоисток против рудниците“ упати повик до граѓаните да им се приклучат во Петок 08.Декември 2017 на голем протестен марш, со цел да се чуе гласот и незадоволството на народот од отварање на рудникот Казандол, кој се наоѓа во атарот на општина Валандово.
За поголема проодност на нивните заложби и барања и пораката „Стоп за Казандол“ тие ги покануваат да им се придружат и жителите на соседните општини: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, поради можноста во опсег од 50 километри да се почувствуваат последиците од хемиската обработка на рудите врз природата и условите за живот на населението од овие општини.
Од иницијативата порачуваат: „Да ја стопираме ВЕДНАШ изградбата на овој рудник што се заканува да ни ја уништи животната средина и да ни'ги уништи животите, нам и на нашите поколенија!
СТОП за ЕКО УБИЈЦИТЕ!!!СТОП за КАЗАНДОЛ!!!“

Учесниците на маршот имаат зборно место пред Автобуската станица во Валандово од каде во 12:00 часот ќе започне маршот низ улиците со транспаренти и пораки до надлежните. #СТОПЗАКАЗАНДОЛ

 

Гласот против рудниците се шири и меѓу граѓаните ширум државата кои сакат да порачат дека „во Македонија место за рудници со отворен коп НЕМА“.

Со пораката „СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!“ утре, петок, ќе протестираат и граѓани во Скопје кои порачуваат:
Иако живееме во Скопје, негативните последици од рудниците ќе ги чувствуваме и ние. Рудниците се проблем на целата земја! Екстрактивизмот не е живот, тој го уништува животот!

Да покажеме солидарност со нашите сограѓани, да покажеме став ПРОТИВ, да побараме ИТНО СОПИРАЊЕ на изградбата на рудникот! Да се собереме пред Влада на РМ да го покажеме нашиот протест и директно да го доставиме барањето за мораториум на сограѓаните од Југоистокот!

Донесете ги своите транспаренти, пораки и одлучност за СТОПИРАЊЕ НА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!

 


Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.