Топ Новости >

 


 

Лицата кои го исполниле старосниот услов за одење во пензија, но не работеле и немаат никакви приходи, ќе примаат државна социјална пензија, најверојатно во износ од околу 100 евра месечно.

Станува збор за 40 отсто од просечната пензија во Република Македонија која во овој момент е нешто повеќе од 13.000 денари.

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година, дознава Плусинфо од владини извори.

Точно во ова време лани, во пост на Фејсбук, премиерот Зоран Заев ја обзнани оваа мерка, не прецизирајќи кога таа ќе се реализира.

- Објавената вест во текот на вчерашниот ден е класичен спин. Владата во моментот работи на проектот, односно го утврдува бројот на лицата кои би добиле државна социјална пензија, за да се процени фискалното оптоварување врз државната каса. Првите сознанија се дека не станува збор за преголем број лица и дека ветената мерка, за жал на спинерите, сепак ќе се реализира - тврди извор на Плусинфо.

Сепак, првата верзија на законското решение нема да може да се подготви до средината на годината, а најреално е да се очекува новите државни социјални пензионери да бидат израдувани кон крајот на оваа или во почетокот на наредната година.

Ова ветување беше дел и од изборната програма на СДСМ „План за живот во Македонија“, а е дел и од Програмата за работа на Владата за период 2017-2020.


 

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.