Топ Новости >

Запленети 300 килограми марихуана на Богородица

  • Вторник, Јан 30 2018


 

На 28 јануари царинските службеници од испоставата на граничниот премин Богородица заплениле 300 килограми марихуана.

На денешната прес конференција на Царинската управа на РМ - директорот Ѓоко Танасовски обзнани дека царински службеници дрогата ја нашле во товарно возило со грчки регистерски таблички.

Товарното возило кое било управувано од 36 годишен грчки државјанин Е.П. имало документ дека превезува ориз до Германија и Холандија.

По контрола на нашите царински службеници е увидено дека на четири палети на кои се наоѓал натоварен ориз во дупло пакување биле прекриени околу 300 килограми на марихуана, која требала да заврши на нарко пазарот низ Европа.

Лицето Е.П. веднаш е лишено од слобода.

Запленетата марихуана се вреднува на 800 илјади евра.


 

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.