Топ Новости >

Интерпелацијата на Владата одбиена од мнозинството пратеници

  • Четврток, Апр 12 2018


Со 40 гласа „за“ интерпелацијата на Владата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ не го доби мнозинството потребно за искажување недоверба на работата на актуелната Влада што ја предводи СДСМ со ДУИ и коалиционите партнери.
Против интерпелацијата се изјаснија 62 пратеника, а воздржано гласаа двајца од пратеничкиот состав на Собранието на РМ.

Со тоа Владата ја задржа довербата од парламентарното мноинство за својата досегашна работа.
За сработеноста, за урнисаните институции под раководство на минатата власт зборуваа голем дел од министрите. Ја издвојуваме дискусијата на министерката за труд и социјала Мила Царовска, која се осврна на уништениот и згмечен социјален систем за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.



Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, користејќи го своето право на реплика на говорите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на РМ посветена на прашањето за доверба на владата, го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието.

„Од интерес на граѓаните и власта, со опозиција во парламентот можеме да имаме подобра власт" рече премиерот Заев од собраниската говорница.

Тој нагласи и дека единствените реформи кои се остваруваат со побавно темпо се оние на кои влијаат затекнатите долгови во висина од неколку стотици милиони евра направени од претходната гарнитура, потенцирајќи дека владата нема да си дозволи нови скапи кредити за да враќа долгови.

„Не можевме да предвидиме колку е финансиски урнисана државата“, истакна премиерот Заев.

 

Во своето обраќање пред пратениците, Заменик претседателката во Владата на РМ и Министерка за одбрана Радмила Шекеринска, во врска со наследените долгови, потенцираше дека само за камати за направените долгови, актуелната влада наследила долг од 133 милиони евра, а само за преостанати долгови за проектот „Скопје 2014“ се наследени 16 милијарди денари.

 


Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.