Топ Новости >

Меланија Трамп со пиши-бриши биографија

  • Понеделник, Јан 23 2017


Официјалната страна на Белата куѓа во САД од 20 јануари 2017, по инаугурацијата на 45-от претседател на САД Доналд Трамп претрпе измени со новите податоци за новите станари на Белата куѓа.

Наместо претстедателската биографија, внимание привлече пиши бриши тактиката за податоците од биографијата на првата дама на САД, сопругата на претседателот Меланија Трамп.

Кои сегментои посветени на новата прва дама, привлекоа големо внимание:
На сајтот беше напишано и потоа набргу избришано спомнувањето на нејзиниот „бизнис со накит“, објави „Washington Post“.
Истиот извор наведува дека во биографијата пишувало: „Меланија исто така е и успешен предприемач. Во април 2010 година Меланија Трамп ја промовираше својата колекција накит “Melania TM Timepiece & Jewelry” на телевизискиот канал QVC.“
Меѓутоа, бидејќи Трамп беше критикуван дека би можел да се најде во конфликт на интереси поради своите бизниси кога официјално ќе ја преземе функцијата, изгледа дека е решено да не се споменува фирма ниту на првата дама.
Сега на сајтот не е напишано името на нејзината фирма, ниту пак се наведува дека истата се продава преку ТВ каналот QVC.
Портпаролот на Меланија Трамп рече дека споменувањето на нејзината фирма немало за цел да се рекламира, но сепак сега тој сегмент е тргнат од официјалниот сајт на Белата куќа.

За време на претседателската кампања, на интернет кружеше нејзината биографија во која пишуваше дека таа наводно дипломирала на Универзитетот во Љубљана, на сајтот на Белата куќа ова е корегирано и сега пишува дека „запишала студии но потоа решила да ги прекине поради кариера во манекенство“.
Во биографијата се наведува необичен број детали за нејзините телевизиски гостувања и појавувања во часописи.
Потоа се нижат пофални зборови за нејзината дарежливост и филнатропија, како и за нејзината „страст кон уметност, архитектура, дизајн, мода и убавина“.
И бидејќи нејзиниот сопруг се заканува со апсење и протерување на нелегалните мигранти, на сајтот се истакнува дека таа во 2016 година “со гордост станала граѓанка на САД“.

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.