Топ Новости >

Врвен психолог со дијагноза за Трамп

  • Вторник, Јан 31 2017

 



 

Еден од врвните психолози во Америка Џон Д. Гартнер, кој предава на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, за US News изјави дека верува дека Трамп има „малиген нарцизам“, кој е неизлечив, болест што се разликува од нарцисоидното растројство на личноста. Гартнер го прекрши „правилото Голдвотер“ во неговата професијата, психологијата, во која соопштување на дијагноза на една јавна личност без личен преглед и без нејзина согласност, се смета за неетичко однесување, пишува Зек Картрајт за usuncut.

„Доналд Трамп е опасно ментално болен и според однесувањето, неспособен да биде претседател“, рече Гартнер, повикувајќи се на неговото движење и однесување, укажувајќи на тенденцијата на претседателот кон грандиозност, садизам, агресивност, параноја и несоцијален модел на однесување.

- Видовме доволно од јавното однесување на Доналд Трамп за сега да можеме да ја дадеме оваа неспорна дијагноза - додаде Гартнер.

Всушност, дијагнозата одговара на најновата дефиниција за малиген нарцизам во психологијата која, кога се опишува, звучи како опис на Доналд Трамп речиси до буква. Кери Барон, доктор по медицина, кој напиша текст во списание за малигниот нарцизам, вели дека пореметувањето „ги прави овие лица страшни, опасни и безмилосни“.

Малигните нарциси прават големи напори за да ја постигнат својата цел. Тие можат да бидат интелигентни, многу оперативни (на пример држат важни позиции во работата) да зборуваат мирно, да бидат шармантни, со солзи во очите и навидум емоционални, љубезни, со меко срце, со добри манири, љубезни и имаат способност да формираат односи. Тие може да лажат, лажно да обвинуваат, да драматизираат, да клеветат, да мамат, да крадат, да манипулираат, да обвинуваат, да окривуваат или да превртуваат за да го добијат тоа што го сакаат, а се чувствуваат оправдано за тоа што го прават. Затоа што тие си даваат за право, егоцентрични и очајни, тие не го доживуваат тоа како погрешно. Тие се решени да ги задоволат своите желби и бесни се ако бидат оневозможени. Нивната желба може толку да ги обземе што имаат малку разбирање, почитување или способност да сочувствуваат со другите. Тие немаат чувство за вина или каење и имаат тенденција да се чувствуваат, или да изречат, дека се тие кои биле малтретирани.

Помошниците на претседателот Трамп порано имаа кажано дека нивниот шеф гледа телевизија во прекумерна количина, најмногу од опсесијата за тоа како изгледа во медиумите. Matthew Rosza во Салон го споредил времето на појавување на твитовите на Трамп за теми во вестите и утврдил дека тие се совпаѓаат со емитување на вестите на различни мрежи каде се зборува за истите тие теми.


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.