Топ Новости >

Со протести Романците се изборија против корупцијата

  • Недела, Фев 05 2017


Владата на Романија на денешната седница и официјално ќе ја укине спорната уредба со која се декриминализираа многу случаи на корупција и поради која беа почнати демонстрации ширум земјата.

Во прашање е уредбата со која се намалува казната за корупција, што многу политичари може да ги ослободи од кривичен прогон.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану, по објавувањето на одлуката за повлекување на спорната уредба, изјави дека не сака поделби во земјата, како и дека одговорноста за конфузијата што таа ја предизвика во јавноста, ја сноси министерот за правда.

- Не сакам поделби. Романија не може да биде преполовена. Романија сега изгледа како да е поделена на два, а можеби и повеќе делови. Таквата ситуација е последното нешто што го посакувам, нагласи тој, додека на улиците од престолнината илјадници луѓе со олеснување ја дочекаа одлуката - рече тој.

Премиерот оцени дека сите аргументи во прилог на оваа уредба не беа добро претставени во јавноста, наведува агенцијата Аџерпрес.

- Од таа причина и настана големата конфузија, а имаше и многу искривено толкување - рече Гриндеану во седиштето на романската Влада, во Палатата Викторија.



За тоа, како што наведе, Министерството и министерот за правда ќе сносат и ја сносат сета одговорност.

И покрај одлуката за повлекување на уредбата, демонстрантите и синоќа на улиците на Букурешт и другите романски градови продолжија со протестите, при што во престолнината се собраа околу 170.000 луѓе.

Тие извикуваа пароли „Оставка, оставка“ и мафтаа со романските знамиња.

Протестите беа организирани и во околу 70 градови ширум Романија, а на нив, според проценките на полицијата, имаше собрано околу 330.000 лица.

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.