Топ Новости >

УНИЦЕФ - аларм за недостиг од вода до 2040

  • Среда, Мар 22 2017


По истражувањето, што беше објавено на Светскиот ден на водата, ОН предупредија дека за нешто повеќе од две децении речиси 600 милиони деца ќе живеат во региони каде има сериозен недостиг на вода за пиење.

Во денешниот извештај на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) се наведува дека до 2040 година во просек едно од четири деца ќе живее во региони каде што има екстремен недостиг на вода.

Во извештајот се наведува дека повеќе од 36 земји се соочуваат со прекумерен недостиг на вода.

Според УНИЦЕФ, децата можат да бидат изложени на дехидрација поради растечките температури и големата суша, додека дождовите и поплавите можат да ги уништат санитарните структури и да доведат до појава на болести како што е колерата.

Повеќе од 800 деца помлади од пет години секојдневно умираат поради дијареа предизвикана од лошите санитарни услови и недостигот на вода за пиење, стои во извештајот.

Сушата и конфликтите се фактори за недостиг на вода во делови на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен.

На повеќе од 1,4 милиони деца од тие региони исто така им се заканува „непосреден ризик од смрт“ поради глад.

Проценката на УНИЦЕФ покажува дека повеќе од девет милиони лица немаат пристап до вода само во Етиопија.

- "Без вода, ништо не може да расте" - изјави генералниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк, додавајќи дека недостигот на вода ја загрузува иднината на милиони деца.

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.