Топ Новости >

Терористички напад на концерт на Аријана Гранде во Манчестер

  • Вторник, Мај 23 2017

 


 

22 лица загинаа, околу 50 се повредени во најмалку една експлозија која одекна на концерт на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, јави Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на полициски извори.

Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека свикува за во 9 часот по локално време во Лондон вонредна седница на владината комисија „Кобра“ поради синоќешната експлозија во Манчестер.

Инцидентот таа го нарече „ужасен терористички чин" и истакна дека нејзините мисли се со повредените и со семејствата на сите жртви.



 

- Ние работиме на тоа да ги утврдиме сите детали“ од инцидентот, истакна Меј.

Полицијата засега претпоставува дека станува збор за две детонации, но се уште не се знае причината за експлозиите.

Најмалку една експлозија одекна по завршувањето на концертот на Аријана Гранде, по што илјадници лица во паника почнаа да го напуштаат настанот. На Твитер се поставени видеа во кои се гледа како фанови бегаат и врескаат.

Според зборовите на очевидци, повеќето гледачи меѓу 20-илјадната публика биле деца и адолесценти, со оглед на тоа дека 23-годишната американска пејачка е идол на многу млади луѓе.

Нејзиниот портпарол соопшти дека таа не е повредена.

„Скршена сум. Жалам од дното на душата за тоа што се случи. Едноставно немам зборови“, напиша таа на Твитер.


 

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.