Топ Новости >

Трамп: Поткопување на стабилноста во Македонија значи работа против САД

  • Петок, Јун 23 2017


Претседателот на САД Доналд Трамп ја донесе својата прва одлука која се однесува на државите од Западен Балкан, а во којашто најголем простор е даден на Македонија во однос на заканите по стабилноста кои што новата администрацијата веќе и на највисоко ниво ги смета за закани против интересите на САД.

Имено, претседателот Трамп потпиша продолжување од уште една година на санкциите кои се однесуваат на земјите од Западен Балкан, а којашто извршна одлука прв пат беше донесена од претседателот Џорџ Буш пред 16 години, соопшти Белата куќа.

Одлуката ја опфаќа и објавата на таканаречената црна листа на лица и организации кои се под санкции на САД пoради тоа што претставуваат „закана за националната безбедност и надворешната политика на САД со тоа што поддржуваат, асистираат или спонозираат екстремно насилство во земјите во Република Македонија и било каде во државите на Западен Балкан, или, пак, ја обструираат имплементацијата на Дејтонскиот Договор во Босна и Херцеговина“, пишува Белата куќа.

„Дополнително, оваа одредба доживеа и амандман во мај 2003 година за да се преземат дополнителни напор со цел спречување на обструкциите на имплементацијата на Охридскиот Рамковен Договор во Македонија од 2001. Чиновите на екстремно насилство и попречување на активностите кои се сметаат за непријателски кон интересите на САД и продолжуваат да претставуваат необична и исклучителна закана за националната безбедност на САД и интересите во надворешната политика. Од овие причини, одлучив дека е неопходно продолжување на оваа одредба, напиша Трамп во одлуката.


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.