Топ Новости >

Трамп нареди воздушни напади против режимот на Асад

  • Сабота, Апр 14 2018


Претседателот на САД, Доналд Трамп утринава ја соопшти одлуката за воен напад на Сирија, поради хемискиот напад во Дума за кој што западните сили тврдат дека е изведен од страна на сириската армија.

„Предмалку наредив американската армија да започне со прецизни напади на мети поврзани со хемиските капацитети со кои што располага сирискиот диктатор Башар Ал Асад“, изјави американскиот претседател во обраќањето од Белата куќа.

Трамп во обраќањето додаде дека ова е комбинирана воена комбинација заедно со Британија и Франција.

Непосредно по обраќањето на Трамп, пристигна информација и од Лондон од каде што беше соопштено дека британската премиерка Тереза Меј ги овластила британските вооружени сили да извршат „координирани напади против хемиските капацитети на режимот на Башар Ал Асад“.

Неколку минути после обраќањето на американскиот претседател британската новинска агенција „Ројтерс“ пренесува дека веќе се слушнале првите експлозии во близина на Дамаск.

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.