Топ Новости >

Седми буџетски спуст на Франгов

  • Среда, Мар 15 2017


Со реализирани капитални расходи од само 28,95% од вкупниот остварен Буџет на Општина Гевгелија, градоначалникот Иван Франгов кој го предлага највисокиот фискален документ во општината и менаџира со неговото извршување ја промашил и потфрлил развојната компонента на Општина Гевгелија за 2016 година.

Од вкупните буџетски приходи во 2016 кои изнесуваат 387.783.217 денари за капитални инвестирања се потрошени само 113.254.415,- денари. Најголема ставка во расходите се трошоците за плати, наемнини и надоместоци во размер од 42,96%, потоа следуваат трошоците за стоки и услуги со зафат од 20,87% од буџетските средства.

Симптоматично е тоа што во осмата огдина од мандатот на градоначалникот Франгов ова е седми по ред буџетски извештај со потфрлени капитални инвестирања, она што треба да продуцира развој на капитални зафати кои ќе создадат бизнис клима погодна за отварање на производни дејности и отварање на нови работни места во Општината.

Во 2016 година, градоначалникот Франгов, го направи истиот буџетски слалом како и претходните седум години, со намалување на планираните приходи од 746,7 милиони денари со ребалансна корекција на 387,89 милиони денари. Тоа значи осварени буџетски приходи од само 53,7% и потфрлување на планирањата и менаџирањето со општинските пари за 46%.

Со вакви резултати и поразителни капитални инвестирања кои се сведуваат со изградба на само близу 4 километри улици и околу 9 илјади метри квадратни бекатон плочки за тротоари, излишно е да се зборува за развој на Гевгелија, а уште поизлишно за прифаќање на еден ваков гранапски однос со менаџирањето на јавните средства кои се пари на граѓаните од опшина Гевгелија.

Ако ја следиме стапката на основните буџетски остварувања, средства кои доаѓаат од наплата на локалните комунални такси и тука состојбата е поразителна. Од планираните 467,1 милиони денари, Градоначалникот Франгов успеал да оствари само 197,8 милиони денари, што претставува остварување од само 42,3%. 

 

Слика 1: Извадок од страна 60 од Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2016 година

 

Следува едно логично прашање: Ако на вашиот вработен му дадете задача да ја изврши за договорената плата, а тој ја изврши со ефикасност од 42%, а за 57% од работата „уво не го боли“, а при тоа ги наплатил сите 12 плати во текот на изминатата 2016 година, прашањето е: „Ке го задржите ли на работа неспособниот работник, кој наплаќа цела плата за помалку од половина сработеното???“

Згора на се, овој несовесен работник со јавните граѓански пари успеал да ја задолжи општината 2 милиони евра (1,5 од Светска Банка за изградба на нов водовод, и 457.000 евра од КФВ банка исто така за водоснабдување, ама средствата беа потрошени за купување на нови протокомери). И, задолжувањата тука не завршуваат. Со Завршната сметка на Општина Гевгелија со состојба на ден 31.12.2016 година Општината има обврски за неисплатени фактури и ситуации од вкупно 150.145.263,- денари , што значи дополнителни 2,44 милиони евра.

Иване Франгов!
Имаш ли образ со таква презадолженост на Општината да бараш нов мандат???

 


Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.