Топ Новости >

Лажни достигнувања во Извештајот на градоначалникот за 2016 година

  • Четврток, Мар 16 2017


Од 11 проектни ангажмани на Општина Гевгелија кои со свите овластувања ги менаџирал градоначалникот на Општината постојат проекти кои се нотирани во Извештајот на градоначалникот за 2016, но истите ги нема како завршени проекти на терен.
Таква е состојбата со улицата на т.н. „Мала економска зона“ која се' уште не е асфалтирана, а е наведена како завршена во Извештајот.
- „На оваа улица има 10 фирми, каде секој ден поминуваат над 200 вработени. Во зимски услови таму е неможно да се оди пеш. И јас сум работник од фирмите на тој простор и сведок сум дека улицата не Ви е готова, иако се работи за 300-400 метри. Срамота од странските партнери кои доаѓаат во посета на овие фирми, и срамота што нас не лажете“, рече во својата дискусија советникот Благој Паќетов од СДСМ.

- „Од 11 проекти нотирани во Извештајот само 4 се изведуваат со општински буџетски средства, останатите се со кредит од Светска Банка, од КФВ банка, од странски донатори кои инвестиреле за помош на Гевгелија да се справи со бегалската криза. Па немавте Вие како општина само проблеми, туку и инкасиравте бенефит од бегалската криза. Ако ја гледаме состојбата со остварувањето на урбаната програма и изградба на улична инфраструктура, никаков ќар немаат населените места со тие 4 илјади метри улица кои ги спомнувате во Извештајот. Ова е најоскуден извештај досега од Ваша страна“, оцени советничката Марија Костадинова од СДСМ.

- „Во Извештајот имате ставки кои почнуваат со описот „Се очекува“. Така „се очекува“ изградба на Конска Брана, „се очекува“ изградба на градскиот пазар, „се очекува“ изградба на плоштад... Па сите тие се проекти од Вашата изборна програма од 2013 и вие ниту досега ги завршивте, ниту во извештајната година 2016 сте ги завршиле, туку уште и не лажете дека ќе бидат завршени“, остро го нападна работењето на градоначалникот Франгов Наташа Минова од СДСМ.

Фото: Табела од графата ЛЕР (Локален економски развој) искажан на страна 8 од Извештајот на Градоначалникот за 2016 година

(за Агроберзата нема никаков податок ниту цена, ниту инвеститор, а се нотира во извештајното остварување за 2016, и Студијата за Конска Брана каде инвестиционо трошокот е на Влада на РМ, а до реализација на проектот има уште многу работа и време, не и е местото во Извештајот за работа на Градоначалникот на Општина Гевгелија за 2016)

 

Во одбрана на остварувањата на градоначалникот се јави Борис Хаџиниколов од ВМРО-ДПМНЕ кој често во аргументацијата со советниците користи духовен речник, па додаде мисла од Јован Златоуст: „Кој во малку е задоволен тој е богат, кој во многу е незадоволен тој е сиромашен“, алудирајќи на сиромаштијата на духот на советниците, особено оние кои го бранат времето на социо-комунизмот кога ништо не се градеше.

- „На ова реагираше советничката Минова споредувајќи дека пред фискалната децентрализација градоначалниците оперирале со Буџет од 100.000,- евра, а сега градоначалникот годишно располага со буџет од 12 милиони евра. Споредбата со остварувањата е немерлива и ќе се засрамите од изграденото од тоа време, зошто тогаш градеше централната власт и имаше, а сега треба да гради локалната власт со приходи од продажба на градежно земјиште и наплата на комунални такси, но остварувањата ви се толку мали, а извештајот пак ќе повторам, полн со лаги“, додаде во реплика советничката Минова.

Поради нотираните лаги, неостварените проекти и фалбите за очекуваното во 2017, а се работи за извештаен документ, кај јавноста остана впечатокот дека Извештајот на градоначалникот за 2016 повеќе наликува на рекламен предизборен памфлет, отколку реална слика за неговите остварувања во минатата година.

 


Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

Започна „пеколниот“ судски јануари за предметите кои ги води СЈО

Со закажани 34 рочишта по предметите од т.н. „бомби на „Т“ СЈО ќе ги „тресе“ поранешните функционери од власта за обвиненија од негова надлежност

Повеќе

Игор Ѓорески Хектор - 10 години од траѓичната смрт кај Блаце

Цвеќе и наклон за борецот 

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.