Топ Новости >

Јавниот долг на РМ надмина 5 милијарди евра

  • Среда, Мар 29 2017


Според бројчаникот достапен за јавноста кој покажува колку во секунди се зголемува долгот, од денеска надмина 5 милијарди евра вкупна вредност, или 53,21 % од Бруто домашниот производ на државата, што е недозволиво високо ниво на задолженост според експертите.

Министерството за финансии минатата недела со нова методологија на пресметка заедно со Заводот за статистика изготвија нови бројки, кои излегоа помали од тие што постоеја дотогаш, па така долгот од 5,1 % колку што беше на крајот од 2016 година со новите математички пресметки излезе дека е помал од 47,8%.

Реномирани економисти со кои контактираа медиумите се категорични дека нема шанса долгот на државата да е под 50 проценти од БДП.

Загрижувачки е податокот што секој жител на државата, а тука се бројат и децата, и малолетните, и тие кои уште не се стекнале со право на глас, и работниците, и пензионерите, и болните, и социјално загрозените....., значи секој жител на РМ должи по 2.472 евра.
Само во изминатата 2016 година владата ја задолжила земјата со нови 773 милиони евра јавен долг, за кој дополнително каматно сме задолжени со нови 118,5 милиони евра.

Од крајот на 2010 година, до крајот на третиот квартал на 2016, јавниот долг по жител пораснал повеќе од двојно, од 957 евра по човек, на 2.353 евра по човек. Или, растел за 38 евра месечно, односно 1.3 евра на ден. 

Состојбата можете да ја проверите и самите со ЛИНКот достапен до бројачот за јавниот долг, за кој од парламентарната говорница денеска беше предочено дека како една од мерките на новата Влада што ќе ја состави СДСМ со коалиционите партнери е поставување на бројачот на јавниот долг на Портата во центарот на Скопје, која власта на ДПМНЕ ја нарече Триумфална порта, а бидејќи триумфот на задолжувањата и растот на социјалната беда со опаѓањето на животниот стандард се поразителни за нас македонците ја преиначи во „Порта Македонија“.

 


Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.