Топ Новости >

 


 

Советникот на Министерството за финансии, професорот Бранимир Јовановиќ со свое искажување за раздолжувањето на Република Македонија.

Откако влеговме во Министерството, се задолживме 4 пати. На 6 јуни 8,1 милиони евра, на 20 јуни 5,6 милиони евра, на 27 јуни 19,5 милиони евра и на 4 јули 27,2 милиони евра. Вкупно, 60 милиони евра.

Но, се раздолживме исто така 4 пати - 8,1 милион евра на 7 јуни, 5,6 милиони евра на 21 јуни, 18,8 милиони евра на 25 јуни и 7,8 милиони евра на 5 јули. На 5 јули вративме и долг на Дојче Банк, од 75 милиони евра. Вкупно, вративме 115 милиони евра.
Значи, за овие месец дена, сме го намалиле долгот за вкупно 55 милиони евра. Или, 1,8 милиони евра дневно, 76000 евра на саат, 21 евро во секунда.

За споредба, во претходните 11 години, долгот порасна за 3 милијарди евра, односно растеше 270 милиони евра годишно, 740000 евра дневно, 9 евра во секунда.

Да бидам искрен, не верувам дека долгот ќе паѓа цело време. Но, и не мора. Не ни треба штедење, ни треба одговорно трошење на јавните пари.

Тоа пак се постигнува со транспарентност од наша страна и притисок од ваша. Затоа и ставаме толкав акцент на транспарентноста. Затоа и вие треба да нѐ критикувате и да ни давате коментари и сугестии.


 

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.