Топ Новости >

Странските инвестиции - политичко шоу за коруптивни цели на бившата власт

  • Среда, Сеп 13 2017


Анализа на трошоци за тоа колку поранешната влада потрошила во периодот од 10 години за привлекување на странски директни инвестиции, наспроти конкретните резултати добиени од истите, денеска беше презентирана на прес конференција во Владата на РМ. Портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски пред новинарите ги претстави сознанијата од анализата прикажани низ два столба (за третиот столб најави дополнителен прес со посебни материјали и податоци), и тоа:

- Кеш грантови – пари кои биле префрлени директно на сметките на странските инвеститори
- Даночни и царински ослободувања
- Трошоци за привлекување на странски инвеститори.

Анализата покажува дека заклучно со мај оваа година Владата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ исплатила над 225 милиони евра, за влез на 25 странски компании, кои оствариле 20.000 вработувања.

Портпаролот на Владата на РМ укажа на заклучокот од овие бројки дека поранешната влада на Република Македонија потрошила пари од буџетот во просек по 11.000 илјади евра по работно место.

Дополнително на ова, потенцираше Бошњаковски, голем дел од овие 20.000 вработувања не биле нови вработувања, туку се работи за преземање на работници од македонското стопанство кои веќе биле во работен однос, а по декласификација на договорите склучени во затворен круг и кои биле затворени за јавноста,  очигледно дека со нив, речиси целосно се игнорирало македонското стопанство, беше речено на пресот.



 

Бошњаковски укажа на уште еден факт: Не постоел документ или водич со јасни критериуми за преговарање, односно дека - критериуми не постоеле. Преговарале, министри, советници, промотори, без никави критериуми, а кога завршувале овие преговори владата на Никола Груевски ги класифицирала договорените работи, односно ја обезбедувале тајноста на истите, додаде Бошњаковски.

Во однос на вториот столб во анализата, кој го сочинуваат даночни и царински ослободувања, Бошњаковски соопшти дека, во овој период од 10 години, вкупното олеснување што странските инвеститори го добиле по основ на даночно и царинско ослободување, изнесува 69 милиони евра.

Овие пари можеле, но не влегле во буџетот на Република Македонија, нагласи портпаролот на Владата на Република Македонија.

 


Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.