Топ Новости >

Потпишани првите договори за млади земјоделци

  • Недела, Дек 03 2017


Мерките за поттикнување на земјоделската дејност кај младите со одобрување на 10.000 евра неповратни средства за започнување на сопствен бизнис, во Гевгелија одобрена за девет апликанти.

Станува збор за нов начин на процесирање на мерка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство која ја најави новата Влада на СДСМ, со намера средствата да дојдат до вистински мотивираните млади земјоделци, а не по принципот „прв дојден, прв услужен“ како што го практикуваше претходната влада.

Годинава Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од Програмата за рурален развој, ќе склучи 424 договори, со земјоделците кои ги исполнија критериумите при аплицирањето на најавените мерки за поддршка на млади земјоделци. Тие ќе добијат неповратни 10.000 евра, што можат да ги користат за набавка на земјоделска механизација и за инвестиции во производствени капацитети. Лани за истата мерка биле склучени само 124 договори, што за годинава значи пораст за дваипол пати.

Гевгелиските апликанти неделава ги склучија договорите со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Од новите мерки кои се актуелни во ова Министерство, дознаваме од овластениот раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Гевгелија, Дејан Маркудов, кој ни' изјави:
- „Од утре, понеделник, 4 декември годинава започнува пријавувањето за субвенции за индустриски култури, овошје и зеленчук предадено за преработка во индустриско-преработувачките капацитети, потоа интервентната мерка од 2 денари за еден килограм предадено винско грозје во винарии и интервентната мерка за субвенционирање на производителите на лубеница по цена од 2 денари за килограм откупен род, со прилог белешка од откупувач на овој земјоделски производ“.

  

Двоиполмесечното раководење со Подрачната единица во Гевгелија, и соработка со надлежното Министерството за ЗШВ резултираа и со темелно снимање на затечената состојба со договорни обврски на Министерството.
- „Во тек е ревизија на долгорочните закупи на државно земјоделско земјиште. Само на подрачјето во катастарска надлежност на Општина Гевгелија поранешната раководна гарнитура во Министерството и ПЕ Гевгелија има склучено над 600 договори за долгорочен закуп до 30 години на повеќе хектари државно земјоделско земјиште. Водејќи се од максимата дека земјиштето треба да е во располагање на вистинските земјоделци, а не на рентиери кои земјиштето го даваат на подзакуп, Министерството за ЗШВ со ревизијата има намера да го даде под закуп земјиштето на вистинските земјоделци водејќи се од следните принципи: дали закупецот ги плаќа редовно обврските кон МЗШВ, дали го работи земјиштето, и дали има спорен статус како давател на подзакуп кон трето лице. Ревизијата е во тек изминативе три недели. Тоа значи дека ќе има ревидирање на неквалитетните договори, а земјиштето во втора фаза ќе биде со јавен оглас распределено на вистински интересенти за работа на земјоделско проеизводство“ изјавува Маркудов.

Новоименуваниот раководител на МЗШВ ПЕ Гевгелија, Дејан Маркудов на оваа функција дојде со решение на Министерот Љупчо Николовски од 10 август годинава, заменувајќи до досегашниот раководител Митко Велков. Маркудов е магистер по агро економија и очекува успешна соработка со земјоделските производители од општината.

За 2018 година МЗШВ планира буџетски средства од 10,1 милиони денари за развој на земјоделското производство, од кои 8,6 милиони денари за финансирање на подрачјата од рурален развој, 1.8 милиони денари за создавање на земјоделско производство со висока вредност, 6,6 милиони денари ќе бидат наменети за директна финансиска поддршка за унапредување на земјоделството. Основен принцип при исплатата на земјоделските субвенции од ова министерство ќе биде - Целосната и неселективна исплата на субвенциите кон земјоделските производители.

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.