Топ Новости >

Првпат македонски претприемачи на листата на „ФОРБС“ за млади под 30 години

  • Четврток, Јан 25 2018

 


Млади и успешни со европски продор на своите способности и претприемачки дух за остварување и реализација е сижето на оваа најнова вест од светот на бизнисот и младите.

Жарко Димитриоски (28), основач на маркетинг-агенцијата „Еден на еден“, и Нина Ангеловска (29) – основач на „Групер.мк“, се најдоа на европската листа на „Форбс“ на најдобри претприемачи под 30 години.

Димитриоски е избран во категоријата "Media and Marketing", а Ангеловска во категоријата "Retail and Ecommerce". Тие вчера присуствуваа на свеченоста во Лондон каде што официјално беа објавени 300 највлијателни луѓе во Европа под 30 години во 10 категории.

- „По седум години напорна работа, стотици поминати предизвици, тони вложена енергија на сите страни и по бројни признанија кои секогаш се непроценлива мотивација на седмиот роденден на ‘Групер’ го достигнав најголемото до сега – ‘Форбс андер 30’. Дали денов е коинциденција, универзумот или седмицата е среќна бројка, не знам, ама знам дека се чувствувам прекрасно и многу благодарно. За првпат Македонија ја има во листата, и тоа дури со двајца претставници. Јас и Жарко ‘Еден на еден’. Шансите за влез се 3-6% од ијадници номинации, односно шансите за влез во ‘Форбс андер 30’ се помали од ‘Стенфорд’ и ‘Харвард’. Се надеваме дека Македонија е горда и ќе го препознае ова големо признание“, напиша Нина на „Фејсбук“.

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 


 

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.