Топ Новости >

Комуналец ја воскресна погребнината

  • Вторник, Апр 14 2015


Сметките за вода на гевгелиското комунално претпријатие и во 2015 година ја содржат ставката „Погребна дејност“ во износ од 120 денари за месец јануари, и преименуваната ставка „Гробарина“ во износ од 100 денари во сметките за феруари, иако истата е укината со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У. бр.38/2014-1 од 10 декември 2014 година.

Кој им ја дозволува ваквата комоција на раководството на Комуналец да си поигруваат со трошоците на граѓанит?

Во Гевгелија има 7.500 потрошувачи вклучени во градскиот водоводен систем кои заедно со сметките за потрошена вода ги добиваат и вкалкулираните паушали за гробарина. Иако незаконска, со оваа ставка претпријатието се обидува да инкасира 900.000 денари за јануари и плус 750.000 денари за февруари, што вкупно изнесува 1.650.000 денари.

За потсетување: Уставниот суд на Република Македонија ја донел таквата одлука постапувајќи по поднесената иницијатива на Петар Дебников од Гевгелија со Решение У.бр.38/2014 од 15 октомври 2014 година, поведувајќи постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот на ЈПКД „Комуналец“. При оценувањето на уставноста и законитоста земени се во предвид одредбите од Уставот, Законот за гробишта и погребални услуги, Законот за комунални дејности, Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за облигационите односи.

Уставниот суд наведува дека: Во членот 4 став 2 од Законот за гробишта и погребални услуги е предвидено дека вршењето на дејноста управување со гробишта и вршење на дејноста погребални услуги се неспоиви. Кај нас во Гевгелија и двете дејности ги обавува ЈПКД „Комуналец“.

Немајќи конкуренција, неформирањето на претпријатието „Вечен Дом“ за кое беа донесени одлуки од Советот на општината, а кој треба да ја обавува погребната дејност во општината, „Комуналец“ се однесува како монопол во дејноста со погребалните услуги и одржувањето на гробиштата.

Заради ваквата констелација на состојбите, погребалната дејност, односно Ценовникот за погребални услуги на предлог од Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ се најде на дневен ред на 29-та седница на Советот на општината, одржана на 31 јануари годинава.

Опозицијата го оспоруваше овој документ кој од УО на претпријатието бил донесен на 7.11.2013 година, а пред советниците се доставува 2015 година, а во член 2 од ценовникот се вели дека истиот стапува во сила со носењето од страна на Советот, а ќе се применува од 01.04.2014 година. Тоа значи една година ретроградно наназад некој, т.е. комуналните монополизатори сакаат да инкасираат неовластено од граѓаните 900.000 денари по 12 месеци наназад, вкупно 10.800.000 денари ( 175.610 евра). Ова е една четвртина од трошоците за плата на вработените во комуналното претпријатие, што би значело три плати обезбедени од рекет на граѓаните без никаква законска важност.

- „Од 2008 година со носењето на Законот за гробишта на „Комуналец“ му се одземени ингеренциите за погребална дејност. Шест години работите незаконски: ЈПКД работи и погребални дејности и оператор на гробишта“ , забележа советникот Сашо Олумчев од СДСМ при расправата по Ценовникот на седницата на Советот.

Градоначалникот Иван Франгов во оправдување на ваквата состојба изнесе дека на цела територија на РМ не функционира овој закон: - „На пример, во руралните средини, ниту управувањето на гробиштата не е на комуналното претпријатие. Во селата со гробиштата управуваат црквите“.

Олумчев ги потсети присутните дека во 2011 година Државниот комунален инспектор на 15.11.2011 годна донесе укажување кон кое „Комуналец“ требаше да пристапи веднаш. На 12.02.2012 е изменет статутот на претпријатието, на 13.05.2012 е донесена согласност од Советот на општината, а состојбите продолжија по ист начин.

- „Додека не се распише тендер за оператор на погребалната дејност ЈПКД „Комуналец“ ќе ги врши и двете дејности“, посочи Градоначалникот за да нема застој во исполнувањето на оваа дејност.

А Уставниот Суд?  Каде е тука Уставниот Суд?  Кој ја испочитува неговата одлука?

Советниците се договорија наместо од 01.04 2014 година одлуката за воведување ценовник за погребални дејности да важи од 01.04.2015 година.

И, еве не сега на местото на настанот.
Ве посети ли инкасаторот за вода овој месец? Ви достави ли сметка за вода со едно писмо од ЈПКД „Комуналец“? Ви доставија ли ИЗЈАВА да ја пополните дали сте корисник на гробно место?

Е, сега внимавајте. Според изјавата на директорката на комуналното претпријатие „носител на гробно место“ е оној кој ќе ја потпише изјавата. Солидарниот фонд од 120 денари месечно, односно 100 денари месечно, ќе остане на сила само за оние кои ќе склучат договор со ЈПКД „Комуналец“. Нема да важи за новите водокорисници, изјави директорката Убавка Вегова на 29-та седница на Советот на општина Гевгелија.

Ако сте носител на гробно место, односно имате некој свој близок со гробно место во градските гробишта во Гевгелија, со потпишувањето на изјавата ве очекуваат овие трошоци за годишно одржување на гробиштата од страна на „Комуналец“.

 

 

Ако не сте носител на гробно место, ИЗЈАВАТА треба да ја пополните со заокружување на позиција 1 (Не сум носител на гробно место) и да ја однесете во ЈПКД „Комуналец“ за да ви ги избришат позициите за„ гробарина“ и „погребна дејност“ во сметките за јануари и февруари 2015 година.

Тоа значи дека сметката ќе Ви биде за 120 денари поефтина, но погледнете кои трошоци ве очекуваат за погребна дејност, тогаш кога ќе треба да испратите во вечното почивалиште некој од вашето ближно семејство.

 

 

Гробарината неоправдано и неуставно воскресна во сметките за потрошена вода на ЈПКД „Комуналец“ за месец јануари и февруари годинава. Но, откога ќе ги прочитате позициите од ценовникот за погребни дејности ќе воскреснете и Вие додека сте уште живи, зошто реалните трошоци за погреб според зборовите на раководителот на „Комуналец“ изнесуваат 27 - 30.000 денари, а ако сте потпишале изјава за солидарен фонд за погребнина, надоместокот за погреб на покоен би ве чинел само 6.500 денари. Е, сега Вие рачунајте која е логиката и понатаму да го плаќате солидарниот фонд.

Со укинување на Правилникот на Јавното комунално претпријатие донесено од Управниот одбор на претпријатието на 21 јануари 2005 година, а одобрен од Советот на општина Гевгелија како основач на 28 јануари 2005 година, значи дека граѓаните бесправно плаќале 120 денари месечно за погребнина, или 14.400 денари за изминатите 10 години, што е против уставно и против законски за што се произнел Уставниот Суд на РМ. Значи, досега со сигурност сте го платиле и минималецот за надоместок на погреб на некој ваш близок. Затоа, отворете очи, ако Ве навјаса таков несакан момент во животот.

Затоа, некој со право прокоментира во дискусиите за новиот Ценовник за погребални услуги и одржување на гробни места што го врши ЈПКД „Комуналец“: Погреб е ова, или свадба!?!?


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.