Топ Новости >

Забранета за пиење водата во село Ума

  • Среда, Апр 15 2015

 



 

Се редат забрани за употреба на водата од гевгелиско - Републичкиот институт за јавно здравје ја забрани употребата на водата за пиење од каптираниот извор на гевгелиското планинско село Ума.

Вакво соопштение за неупотреба на водата од селската чешма имаше истакнато од 12 јуни 2014 потпишана од Претседателот на Месната заедница на село Ума. Тој имаше поголема одговорност да ги извести своите сожители, планинари, гости и туристи дека водата не е за пиење, наспроти надлежните во Општината кои со години го игнорираа Правилникот за квалитет на води.

Арсеновата треска во Гевгелија, забраната за употреба на водата во Општинското основно учиилиште „Крсте Мисирков“ и во Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија, ги натера надлежните државни тела поодговорно да постапуваат во однос на квалитетот на водата во Гевгелија и гевгелиско и задолжителното законско информирање на граѓаните за истата, дали е за пиење или истата е небезбедна за употреба.

Денеска, преку соопштение дистрибуирано од регионалниот центар за управување со кризи, се информираат локалните жители на селото Ума, граѓаните на општина Гевгелија, како и многубројните викенд туристи и планинари, дека водата од изворот не одговара на законските и стручните прописи во однос на бактериолошките анализи.

Резултатите од направените анализи покажале присуство на значително зголемен број бактерии поради што водата времено е забранета за пиење. За повторна употреба на водата од селскиот извор во Ума се препорачува вршење редовна дезинфекција во периодот до следното испитување.


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.