Топ Новости >

Бизнис трибина - Заедно за развој

  • Петок, Апр 17 2015


Со стапка од 7 %, наспроти 47% во Европа, и 62% во САД, Македонија е земја со низок претприемачки дух. Тоа е мотив за здружување на силите помеѓу телата, институциите, министерствата, невладиниот сектор , бизнис заедницата, и сите субјекти кои имаат програми за поддршка на бизнис секторот.
Тоа беше мотивот на денешната информативна средба наменета за бизнис заедницата организирана од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион каде припаѓа општина Гевгелија, заедно со соседните општини, Дојран, Богданци, Валандово, потоа Струмица, Босилево, Василево, Коне, Ново село и Радовиш.
Ова е втор информативен настан на кој компаниите имаа можност да се запознаат со Регионалниот Бизнис центар, услугите кои тој ги нуди како и програмите наменети за поддршка на приватниот сектор кои ги нудат Агенцијата за вработувањена РМ, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото.

- „Воспоставувањето на овој Регионален бизнис Центар е од огромно значење за целиот Југоисточен плански регион. Бизнис секторот од југоисточниот плански регион добива центар кој не само што ќе ги надополни постојните услуги кои ги нуди Центарот за развој на ЈИПР, туку ќе овозможи и нови, дополнителни услуги кои имаат за цел зајакнување на микро, малите и средните компании лоцирани во нашиот регион. Регионалниот Бизнис Центар ќе организира неколку бесплатни бизнис обуки за МСП од регионот, обуки кои сметаме дека ќе им бидат од корист на компаниите. Истовремено, ние како Центар за развој на ЈИПР водиме сметка и за реалните потреби на компаниите, така да дел од обуките кои ќе бидат организирани на теми кои бизнис секторот ќе ги побара“, изјави на почетокот од своето излагање Жулиета Ѓурова – раководител на Центарот за Југоисточен плански регион.

На настанот беа презентирани:
- „Програмата за развојот на ЈИПР 2015-2019“,-„Водич за инвестиции во ЈИПР: Претставување и предности за инвестирање“, „Стратегија за мали и средни претпријатија“, „Тековни и нови програми за поддршка на Претрпиемаштвото и приватниот сектор“, „Активни политики и мерки за поддршка за самовработување и вработување, претприемаштвото и приватниот сектор“.
Во презентацијата учествуваа: Тони Поповски, координатор за децентрализација и локални развојни иницијативи – UNDP; Мими Станоевска и Ристо Чивчиев - раководители на одделение во ЦРЈИПР; Филип Атанасов – координатор во ЦР на ЈИПР; Д-р Љубиша Николовски – Агенција за поддршка на претприемаштвото на Република Македонија и Никола Ѓуровски – претставник од Агенцијата за вработување на РМ.

- „Секое подобрување на процесот на работа е иновација – тоа е одлика на јапонската работна филозофија. Производниот работник во Јапонија во текот на една недела дава по една иновација во процесот на производство, а во европскиот дел тоа се случува еднаш годишно“, забележа Д-р Љубиша Николовски со цел да им даде предност на советодавните услуги кои ги нуди Агенцијата за поддршка на претприемаштвото коа е државна институција со блага поврзаност со Министерството за економија и нуди 56 советодавни услуги кон компаниите и невработените лица.

Во 2014 година реализирале 486 побарани услуги од клиенти, од кои најголем број (119) биле наменети за промоција на претприемаштвото, , 65 за извори на финансирање, 61 услуги за бизнис поврзување, а само 4 барања биле за можности за инвестирање во Регионот.
Ваквите резултати го оправдуваат и обемниот труд „Водич за инвестиции во ЈИПР“. При подготовка на овој документ биле анкетирани 189 претпријатија од разни структури, мали, средни и големи претпријатија, од 6.000 правни субјекти во регионот. Констатирано е дека за почеток на еден бизнис потенцијалниот претприемач ќе се соочи со 170 правни акти кои треба да се испорачат до одделните органи од системот кои се базираат на 67 закони од одредени области. Ова е обемна правна регулатива која секој ден се менува и секој не може да ја следи, во делот на сметководството, во делот на животната средина, во делот на заштита на работните односи и слично, објасни Чивчиев.
- „Визија е да се формира партнерство со образовниот сектор во функција на одржлив развој во југоисточниот плански регион на Македонија. Стратешки цели се: 1. да се генерираат работни места, 2. пристап кон пазарот на капитал и 3. Партнерство со образовните институции. При анкетирањето 78% одговориле дека не сакаат да формираат партнерство со образовниот систем“, потенцираше Чивчиев.

Колку проекти досега реализирал Југоисточниот плански регион?
Како јас како млада личност ќе бидам сигурна да доставам бизнис идеја и да аплицирам за грант од 3.000 евра, што е недоволно за почеток на еден бизнис, кога знам дека фид-бекот ќе биде – некој да ја искористи Вашата идеја зошто е финссиски помоќен? Знаете ли дека креативната сила е кај младите, а никој не ги стимулирал за да изградат свој бренд? Која е нашата мотивација за иновации, каде е стимулот за работникот да испорача една иновација?, беа прашањата што до организаторите ги постави младата Елизабета Ангелова од Богданци.
Друг бизнисмен од Гевгелија ја критикуваше слабата заштита во инвестицијата во сопствените работни ресурси, кога после седум години, работникот кој бил вработен преку програмата за стимулација на вработување на млади до 27 години преку АВРМ, отворил свој бизнис со грант од 3.000 евра. Каде е заштитата на бизнисменот – ем губи обучен работник, ем можност за апликација за новите мерки на вработување преку АВРМ.

На трибината беше посочен примерот за недостаток од спрегата меѓу Регионалниот Бизнис Центар, Невладините организации кои исто така имаат тренинг обуки за мали претприемници, и бизнис заедницата. Еклатантен е примерот на бизнис план на две жени од рурални средини кои добиле меѓународна награда од Француската Амбасада во република Македонија, за отварање на Центар за згрижување на стари лица, а другата за отварање на мини пекара. И двете и покрај меѓународните признанија, од домашните банки добиле одговор дека за почетен капитал треба да поднесат хипотека на својот имот. Тоа е дестимулирачки и за женското претприемништво и за секој носител на бизнис идеја кој ќе се сооќи со недостаток на пристапни фондови.

Сашо Поцков, пратеник во оставка од СДСМ ги запраша стручните панелисти да дадат оценка –„Дали во Македонија постои претприемачки дух? Колку фирми годишно се отвараат, а колку се затвараат? Колку казнената политика во Македонија одговара на заложбите за развој на претприемаштвото во државата? Тој посочи дека некаде во април 2014 година од податоците од книговодствените бироа во Гевгелија произлезе податокот дека 47 фирми барале начин како да ги затворат своите фирми. Дали е тоа одговор на развојната стратегија на државата?
Поцков ги наведе присутните на потребата да се земе примерот на Азиските тигри, кои преку Фонд за поддршка на малото стопанство го овозможуваат почетниот капитал на едно претпријатие, без условувањата што сега ги вршат владините тела, да аплицираат претпријатијата за гранд за опрема, а да немаат пристап до обртни средства за тековно работење на претпријатието. Тоа е дестимулирачки за секој претприемачки обид додека го отплати почетниот капитал и почне да приходува.
- „За мене е најважно не вработувањето, туку да се создаде општество кое ќе охрабрува ризик, што е буквата „А“ за претприемништво. Сите треба да имаме слух за ова, а не само владата да биде главниот кредитор. Само за пример, во Италија малите и средни претпријатија учествуваат со 80% во формирањето на бруто општествениот производ’“, заклучи во својата дискусија Поцков.
Настанот за информирање на бизнис заедницата е заснован на Законот за рамномерен регионален развој и Програмата на Владата на РМ за рамномерен регионален развој за 2014 година, а со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемаштвото.

Колку е проодната моќ на владините мерки кај конкретните апликанти за бизнис идеи до АВРМ, од Агенцијата добивме податок дека 72% од бизнис апликациите се одржале по добивањето помош според некоја од мерките за самовработување, или поттик на вработување кај млади, лица од ранливи категории, со инвалидиет и слично. Колку е тоа во номинален износ, колку изнесува порастот на реално вработени, не добивме одбовор. Агенцијата била подготвена за разговор со бизнис заедницата, а не за податоци за вработени лица преку своите мерки.

Ако не е за кажување, дали е за фалење?

 


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.