Топ Новости >

Општината се фали дека гради водовод, а тендерот стопиран

  • Недела, Јул 16 2017


Општина Гевгелија веќе два дена е во медиумски преписки со Министерството за транспорт и врски кое ги стопирало тендерите за изведба на две бушотини од проектот за водоснабдување на Гевгелија поради „битни пропусти и недостатоци“ во тендерската постапка.

Само пред месец дена градоначалникот Франгов на ВЕБ страната на Општината се пофали дека направиле увид на локацијата каде се гради нов водоснабдителен систем за Гевгелија, а оно уште да ти немало завршен тендер за избор на најповолен изведувач.
Со ова пропаѓаат најавите на Општината дека новиот систем за снабдување на гевгеличани со квалитетна вода може да биде завршен и ставен во функција во ноември годинава.
Ако се има во предвид лагата дека се гради на терен, а изведувач за бушотини уште не е избран, тешко на гевгеличани со сознанието за новите обиди за предизборно прелажување дека наскоро ќе добијат квалитетна вода без арсен.

 

Фото: Од објавата на ВЕБ страната на Општина Гевгелија од 14.07.2017

 

Од Општина Гевгелија велат дека е ова четврти тендер по ред и повторно без апликација на заинтересирани фирми-изведувачи: 

- „Можно ли е тендер што се распишува четирти пати по ред, со позитивно мислење од Советот за јавни набавки и по одобрен проект од Европската инвестициона банка, да има сериозни пропусти во постапката? За волја на вистината, на третиот повик што го објави МТВ имаше интерес од една компанија, но тендерот беше поништен поради тоа што истата беше и проектант. Четвртиот, односно, последниот повик Министерството не ни дочека да види дали има интерес, затоа што тендерот е прекинат неколку дена пред крајниот рок за поднесување на понуди. Ако толку се грижеа за Гевгелија, кога никој не пројавил интерес, зошто не почекаа да видат дали ќе има заинтересиран понудувач.“

Првиот тендер го најави во ноември 2014 тогашниот министер за финансии Ставрески. Ништо не бидна ниту од таа најава. Од тогаш поминаа уште четири огласи, еден грант, четири инвеститори, а ниту еден изведувач нема на терен - дуплираните проекти на Општината се само параван за црпење меѓународни средства и затскривање на реалниот проблем со арсенот во гевгелиската вода.

Општина Гевгелија по прашањето со водоснабдувањето минатата година во декември 2016 ги обнови бунарите за вода кај Вардар со грант од Јапонската Влада и УНДП, а во февруари годинава постави камен темелник на новиот проект за водоснабдување со средства обезбедени со кредитно задолжување од Светска банка. Но, никогаш не обзнанија со каков квалитет се водите од пробните ископувања кај Вардар и дали истите ги задоволуват стандардите на СЗО и Правилникот за квалитет на води на РМ, и дали се тие реален спас од арсенот.

 

 

Арсен нема во водата, (така вели градоначалникот Иван Франгов), а Општината се зафати со огласи и донации и тоа од четири наведени извори (Министерството за транспорт и врски, Светска Банка, ИПА програмата, УНДП) и сите објави се за иста намена - подобрување на водоснабдувањето од бунарското подрачје кај Вардар, за општина Гевгелија.

Вредноста на проектот варира од 5 милиони денари, до 1,3 милиони евра, или последната цифра од 1,7 милиони евра како што објавува Општината. Каде одат средствата кога работите стојат во место?

И, ќе понесе ли веќе граѓанска, политичка и законска одговорност градоначалникот Франгов што чекаше 4 години и 9 месеци за да ја извести јавноста панично, еден ден по друг, дека тендерот му е стопиран, поништен поради пропусти и недоследности и дека не може да копа нови бунари? Па нему и онака му беше истечен мандатот. Со одлуката за продолжување на мандатот заради функционирање на локалните самоуправи  во државата од страна на сегашната Влада, Франгов сега „се залета“ се' да заврши за два месеца? Што дремка дремел целиот мандат и ги остави гевгеличани да се трујат со отровниот арсен во водата и да го загрозуваат своето здравје заради недоследноста и неодговорноста во работењето како локален функционер? Ова се однесува и на останатите  претставници на локалната власт кои целиот свој мандат како и градоначалникот, молчејќи за арсенот во водата и потребата од мерки за заштита на граѓаните, заборавија дека власта ја добиваат за да им служат на граѓаните и да ги задоволуваат нивните заеднички потреби во заедницата, а не заради себе и задоволување на својите суети и корист од функционерските привилегии.

 


Апел за помош за малиот Игор од Богданци

Итно се бара помош за четиринаесет годишниот Игор Геленчев од Богданци кај кого е констатиран тумор на мозокот и крварење

Повеќе

Зврлевски замина во историјата

Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска беше разрешен во Собранието со 64 гласа „ЗА“ и ниту еден против

Повеќе

Гевгелискиот затвор со нов директор

67 новоименувани директори од Владата стапуваат од денеска на функција

Повеќе

Новиот пазар во Гевгелија поскап за цели 300 илјади евра

Прес на ОО СДСМ Гевгелија

Повеќе

Џафери денеска распиша локални избори за 15 октомври

Кампањата почнува 20 дена пред изборите, а Собранието во тој период ќе работи

Повеќе

Именувани нови 47 директори на здравствените установи во државата

Д-р Митко Крџев е новиот дирекор на ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија, а Д-р Љуба Цилкова на Психијатриската Болница Негорци. Официјално министерството ги смени директорите на клиниките во Скопје и во

Повеќе

Апелација одлучи - Снимките за шамарите важат како доказ

Апелација ја прифати жалбата на СЈО прислушуваните материјали можат да се користат како доказ во постапката за настаните пред Општина Центар

Повеќе

Ван Хојте смета дека е избрзано одржувањето на локалните избори

„Датумот на локалните избори треба да биде само црешата на колачот која ќе се стави дури откако сите други прашања ќе бидат разрешени“ Ван Хојте

Повеќе

Нема повеќе пријавување данок на шалтер

Управа за јавни прходи започна со подготовка на проектот со кои ќе ги ослободи граѓаните од поднесување на даночни пријави

Повеќе

Се реди новиот градски пазар

На еден ден пред закажаното отварање на новиот градски пазар во Гевгелија хаотична ангажираност на 20-тина градежни работници

Повеќе

 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.