Топ Новости >

Испразнет градскиот пазар во Гевгелија

  • Вторник, Авг 01 2017


Две тезги од гајби полни плодови под чадори и две комбиња, тоа е денешната слика на градскиот пазар во Гевгелија.
Бетонските и лимените тезги се отстранети од просторот. Остана само врелиот цемент и линиите од гребењето на цементираната подлога по дислокацијата на тешките бетонски постави од тезги. Затечените пазарџии на просторот изјавија дека веќе три дена по ред комуналците интензивно го расчистуват теренот, односно ги дислоцираат тезгите на новоизградениот пазаришен простор во населбата Караорман.

Празна слика на неколкудецениското пазариште во центарот на градот зад зградата на Стопанска Банка долго ќе им фали на гевгеличани и на навикнатите посетители од југот кои овде навикнаа да пазарат намирници за дома.

- „Како ќе функционира тој пазар на Караорман, не знам. Бев вчера таму и што да речам. Се' е тарапана. Уште работат, ништо не е расчистено. Паркинг најдов дури две улици подолу. Како може пазарџија да ја истовари робата од толку далеку“, негодува долгогодишен имател на тезга на сегашниот пазарски простор.

Дали и колку ќе биде успешна новата инвестиција на Караорман, ќе покажат наскоро потрошувачите, со бројка, со посетеност, со свој избор на купување и од огромната понуда на новоотворени локални пиљарници.



Апел за помош за малиот Игор од Богданци

Итно се бара помош за четиринаесет годишниот Игор Геленчев од Богданци кај кого е констатиран тумор на мозокот и крварење

Повеќе

Зврлевски замина во историјата

Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска беше разрешен во Собранието со 64 гласа „ЗА“ и ниту еден против

Повеќе

Гевгелискиот затвор со нов директор

67 новоименувани директори од Владата стапуваат од денеска на функција

Повеќе

Новиот пазар во Гевгелија поскап за цели 300 илјади евра

Прес на ОО СДСМ Гевгелија

Повеќе

Џафери денеска распиша локални избори за 15 октомври

Кампањата почнува 20 дена пред изборите, а Собранието во тој период ќе работи

Повеќе

Именувани нови 47 директори на здравствените установи во државата

Д-р Митко Крџев е новиот дирекор на ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија, а Д-р Љуба Цилкова на Психијатриската Болница Негорци. Официјално министерството ги смени директорите на клиниките во Скопје и во

Повеќе

Апелација одлучи - Снимките за шамарите важат како доказ

Апелација ја прифати жалбата на СЈО прислушуваните материјали можат да се користат како доказ во постапката за настаните пред Општина Центар

Повеќе

Ван Хојте смета дека е избрзано одржувањето на локалните избори

„Датумот на локалните избори треба да биде само црешата на колачот која ќе се стави дури откако сите други прашања ќе бидат разрешени“ Ван Хојте

Повеќе

Нема повеќе пријавување данок на шалтер

Управа за јавни прходи започна со подготовка на проектот со кои ќе ги ослободи граѓаните од поднесување на даночни пријави

Повеќе

Се реди новиот градски пазар

На еден ден пред закажаното отварање на новиот градски пазар во Гевгелија хаотична ангажираност на 20-тина градежни работници

Повеќе

 

 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.