Топ Новости >

Се реди новиот градски пазар

  • Среда, Авг 02 2017


На еден ден пред закажаното отварање на новиот градски пазар во Гевгелија, повеќе од 20-тина мајстори на терен го доредуват местото за да ја добие своја функционалност.
Баѓери разносуват тешки материјали, се редат бекатон плочки, на паркингот недомонтирани панели, во внатрешноста на пазарот се редат старите тезги од постојниот градски пазар во Гевгелија.
Сликата дава впечаток на хаотична ангажираност.

На еден ден пред Илинден и закажаниот рок дека првиот пазарен ден четврток од август (3-ти август) ќе се пушти новиот пазар кај Караорман во употреба личи на избрзана работа за работно да се одбележи „патерицата“ од празникот.

Старите тезги од стариот пазар личат на мудрата забелешка од старите: „Убава мома со ќитка на уво, а гомно во носот“.

5.880 метри квадратни нов пазаришен простор не е ставен целосно во функција според планираниот проект: дека ќе функционира простор за тезги со овошје и зеленчук, железарија и ограден простор (затворен) за текстилна понуда. „Во втората фаза од проектот беше предвидено да се изгради голем супермаркет како составен сегмент на пазарот“, изјави општината за "Bulld.mk" во септември 2012, а на просторот никаде нема таков супермаркет. Ако мислат на новата стамбена зграда „залепена“ до пазарот, тоа е секако за друга намена и нема врска со подобрувањето на понудата на производи на земјоделци и малостопанственици на пазаришниот простор во Гевгелија. Исто, забележаа дел од соговорниците на просторот, паркингот е премал за возилата на понудувачите на просторот кои би ги донеле производите за продажба, а затворениот простор за текстилна понуда никаде го нема.

Од брзање да се сечи лента после Илинден, поважна е функционалноста на просторот отколку оправдувањето на инвеститорот - Општина Гевгелија дека еве го завршила проектот. Проект започнат во декември 2012 година, а беше најавен дека ќе биде готов за 90 денови, најдоцна до март 2013 година, со непрезентирани договори за изведувачи, подизведувачи, анекси и анекс договори на анексите, не ја оправдуваат работата на инвеститорот кој потроши пет години за нештата вака хаотично на ден пред Илинден да се редат со старудии од тезги, со недограден планиран простор, со купишта отпаден градежен материјал и закрчен сообраќај на пристапните улици до околните згради.



Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

Петиција за ОСТАВКА на ДИК

На социјалните мрежи граѓаните започнаа електронска петиција за оставка на сите членови на ДИК

Повеќе

Јавна дебата: Рудници: да или не?

Регионалниот форум на Цивика мобилитес во Струмица во соработка со „Топ Тема“ на Телма,  фокусиран на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници

Повеќе

Притвор за Мукоски и Арнаудов

Двајца во притвор, а четворица во домашен притвор

Повеќе

Паѓаат оставки и нови именувања во училиштата во Гевгелија

Оставки си поднесоа в.д. директорите на ОУ „Крсте Мисирков“, ОУ „Климент Охридски“ од Миравци и Основното Музичко Училиште „Васо Карајанов“, а на нивно место се поставени нови вршители на должноста

Повеќе

Потпишани првите договори за млади земјоделци

Девет апликанти од Гевгелија потпишаа договор со МЗШВ за користење на 10.000 евра неповратни средства за започнување на сопствена агро бизнис

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.