Топ Новости >

Новиот пазар во Гевгелија поскап за цели 300 илјади евра

  • Среда, Авг 09 2017

 


 

„Речиси 1 милион и 300 илјади евра ја чини Општина Гевгелија новиот градски пазар. Важно е јавноста да знае дека првичната сума на целиот проект беше 60 милиони денари, за крајната сума да достигне до речиси 79 милиони денари- односно надмашување за цели 300 илјади евра.“ - потенцираа на прес конференцијата од општинската организација на СДСМ Гевгелија.

Дополнително- првичниот проект предвидуваше и изградба на 16 дуќани во склоп на градскиот пазар. Крајниот проект не само што е поскап за 19 милиони денари, туку ги нема и предвидените 16 дуќани.
Сево ова со право создава сомнеж кај граѓаните.

Поради тоа што станува збор за голема сума на пари, бараме во најбрз можен рок Општината да овозможи целосна транспарентност и отчетност за тоа како се потрошени парите на граѓаните и колкав е долгот на Општината кон изведувачите.

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.