Топ Новости >

Сашо Поцков - кандидат за градоначалник од СДСМ за Гевгелија

  • Четврток, Сеп 14 2017


Општинската изборна Конференција на СДСМ Гевгелија вечерва ги утврди кандидатите за градоначалник и членови на Совет за претстојните локални избори во државата.

Со акламација беше прифатен предлогот Сашо Поцков, дипломиран економист, актуелен пратеник и претседател на ОО на СДСМ Гевгелија да биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за општина Гевгелија.

- „На 15 октомври Гевгелија ќе биде среќна општина зошто ќе има вистински градоначалник и вистински претставници на граѓаните во Советот на Општината. Ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, како синоним на груевизмот со сето зло што го претставуваше изминативе 11 години“, рече Поцков пред делегатите на годишната изборна Конференција на Општинската организација на СДСМ Гевгелија заблагодарувајќи се на довербата.

На конференцијата едногласно и со акламација беше утврдена листата на кандидати за советници составена од 19 членови во која три места се отстапени на коалиционите партнери на СДСМ за изборната трка на локално ниво.
Носител на листата за советници е Ташко Дојчинов, дипломиран правник и актуелен секретар на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија.

 


Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

Започна „пеколниот“ судски јануари за предметите кои ги води СЈО

Со закажани 34 рочишта по предметите од т.н. „бомби на „Т“ СЈО ќе ги „тресе“ поранешните функционери од власта за обвиненија од негова надлежност

Повеќе

Игор Ѓорески Хектор - 10 години од траѓичната смрт кај Блаце

Цвеќе и наклон за борецот 

Повеќе

Ново тресење на земјиштето во Дојранско

На првиот ден од Божиќ регистрирани три земјотреса во близина на Дојранското езеро, а на Бадник уште два со помал интензитет

Повеќе

25-ти јубилеен Коледарски Хепенинг 2018

Со бадников оган, сценски настап на локални изведувачи и голем огномет одбележан годинашниот коледарски хепенинг во Гевгелја

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.