Топ Новости >

Заев во Гевгелија: Изградба на нов водовод, елиминирање на арсенот кај Моин, гасификација на Гевгелија

  • Вторник, Сеп 26 2017

 

 


 


 Централен предизборен митинг на СДСМ и коалиционите партнери се одржа вечерва на плоштадот „Сава Михајлов“ во Гевгелија на која покрај носителот на листата за советници, Ташко Дојчинов, кандидатот за градоначалник за Гевгелија, Сашо Поцков, се обрати и лидерот на СДСМ - Зоран Заев.

- „Сашо Поцков ќе биде новиот градоначалник на оваа убава општина од југот и заедно со него со помош од централната власт тој ќе ги донесе промените за Гевгелија, за европска, модерна и зелена Гевгелија“ рече вечерва пред гевгеличани лидерот на СДСМ Зоран Заев на централниот предизборен митинг во Гевгелија. 

Пред многубројните присутни, охрабрени гевгеличани Заев зборуваше за горливиот проблем на гевгеличани - водата и додаде:
- „Ништо не е поважно од здравјето на граѓаните. Дали сме во 21 век за да Гевгелија не може да кажа дека има чиста вода. Осум ипол години Франгов лажеше дека ќе донесе чиста вода, за да ништо не направи. И не се Принцес и казината атракција во Гевгелија. Атракција е хациендата на Караорман од каде од високо ги гледа луѓето, а со погледот од високо луѓето изгледаат како мравки. Неможеше да ја реши водата, можеше хациенда на направи. Нема да дозволиме повеќе бандитизмот, корупцијата и криминалот да владеат со нашата земја, ниту нашите животи“, порача Заев од говорницата. 

Тој им вети на граѓаните на општина Гевгелија дека: „Ќе се посветиме заедно со новиот градоначалник на Гевгелија Сашо Поцков дека ќе изградиме нов водовод, ќе го елиминираме арсенот кај Моин за да имаме здрава вода за здрави граѓани, заедно ќе изградиме гасификација, ќе создаваме отворена, транспарентна и модерна општина Гевгелија. Гевгелија може да се развива како европска општина оти овде е портата на нашата Македонија. 

Од говорницата на митингот во Гевгелија Заев одговори на забелешките на ДПМНЕ дека економијата паѓала. „Не бе Груевски, не паѓа економијата. Ти паѓаш и никој не може да те запре. Од овде од Гевгелија ќе ти порачам: Следи ме внимателнно. Ќе ти одржам лекција по економија која нема да ја заборавиш. Ќе видиш дека со чесна влада, со чесни луѓе кои знаат како на први да дадат плата дека ќе создадеме живот за секого во Македонија. Следи ме и нема да ја заборавиш лекцијата која ќе ти ја одржам“.

Заев се осврна и на новата ера на Груевски. Рече дека новата ера започнала од Христа и нема друга ера. Има само ново време на одговорност, а тоа е затвор. Доаѓа ново време за граѓаните на Македонија каде ќе има еднакви можности за живот за сите во Македонија. 

Заев ги повика граѓаните со нивниот глас да ги прекинат кабинетските решенија за градоначалници кои служат како партиски послушници и да гласаат за Живот за сите во Гевгелија со кандидатот Сашо Поцков и победничката листа на советници од СДСМ за Гевгелија.

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.