Топ Новости >

Општината предизборно уништува архивска документација

  • Петок, Сеп 29 2017


Во предизборието, кога локалните власти (градоначалник и членови на Совет на Општина) се со истечен мандат, без право на потпис на било што, се врши уништување на обемна архивска документација од општина Гевгелија.

Фотографиите направени денеска 29 септември, на петтиот ден од предизборната кампања, во задното двориште на зградата на општина Гевгелија со полна приколка од трактор со вреќи документи само укажуваат дека локалната власт што заминува ги уништува трагите за своето работење, неработење, можеби и сомнителни тендерски местенки.

Дали депонијата или огнот ќе ја „изеде“ вистината, не се знае.

Општината излезе со противодговор на фотографиите дека тие имале документ за одобрено уништување на архивска документација уште од август гпдонава. Ако е така, необјасниво е дека им требале два месеца за да обезбедат трактор за отстранување на документацијата.

И, всушност, како е можно кога функционерите во зградата на општината веќе со распишувањето на локалните избори, а особено со почетокот на изборната кампања, законски немаат никакви овластувања за потпис или наредба на администрацијата. Секоја постапка е незаконска, зошто градоначалникот со изминат мандат сега е кандидат на локалните избори и нема законско право да ги користи ресурсите на Општината, а најмалку има право да ги уништува.

Фото од паркингот кај задниот двор на Општинската зграда.

Фотографиите предизвикаа реакција на граѓаните, откако беа објавени на социјалните мрежи, каде се посочуваше веднаш да се повика полиција на увид на тоа што се изнесува и уништува од општинската зграда.

 


Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

Петиција за ОСТАВКА на ДИК

На социјалните мрежи граѓаните започнаа електронска петиција за оставка на сите членови на ДИК

Повеќе

Јавна дебата: Рудници: да или не?

Регионалниот форум на Цивика мобилитес во Струмица во соработка со „Топ Тема“ на Телма,  фокусиран на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници

Повеќе

Притвор за Мукоски и Арнаудов

Двајца во притвор, а четворица во домашен притвор

Повеќе

Паѓаат оставки и нови именувања во училиштата во Гевгелија

Оставки си поднесоа в.д. директорите на ОУ „Крсте Мисирков“, ОУ „Климент Охридски“ од Миравци и Основното Музичко Училиште „Васо Карајанов“, а на нивно место се поставени нови вршители на должноста

Повеќе

Потпишани првите договори за млади земјоделци

Девет апликанти од Гевгелија потпишаа договор со МЗШВ за користење на 10.000 евра неповратни средства за започнување на сопствена агро бизнис

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.