Топ Новости >

Општина Гевгелија со блокирана сметка за изборите

  • Вторник, Окт 03 2017


Општина Гевгелија не може да ги спроведе локалните избори на својата територија поради недостаток на средства, односно заради моменталната блокада на сметката на општината.
Ова ги комплицира организационите подготовки поради што на сцена настапува Државната изборна комисија која ги превзема трошоците преку Буџетот на РМ.

Ваков е случајот со уште 20 општини во државата кои заклучно со 29 септември имале блокирани банкарски сметки, без најава дека ќе приходуваат, ќе ги деблокираат сметките и ќе ја превземат законската грижа за спроведување на изборите на територијата на својата општина.

Колку пари ќе не чинат локалните избори. Пресметката е неизвесна затоа што 20 општини имаат блокирани сметки и државата ќе им ги плаќа трошоците за избор на нови градоначалници. До Државната изборна комисија веќе се префрлени половина милион евра кои ќе бидат исклучиво само за блокираните општини и дополнителни два милиони евра за изборниот материјал на сите гласачки места.

Но од Министерството за финансии велат дека се менува бројот на општини кои имаат проблем со долговите и неизвесно е како ќе биде состојбата до денот на гласањето.

Еве кои општини биле блокирани до 29 септември. Охрид, Струга, Тетово, Куманово, Берово, Неготино. Блокирани се и Ресен, Градско, Сопиште, Пехчево, Гевгелија.

„За спроведување на локални избори средствата се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје, а средствата за изборниот матерјал се обезбедуваат од Буџетот на Р.М. и со нив располага ДИК. Во случај на блокирани сметки средствата за спроведување на локални избори се обезбедуваат од Буџетот на Р.М, велат од Министерството за финансии.“



 

Видеото е превземено од Телевизија 24 

Во изминатите девет години во Македонија шест пати биле организирани избори, за што се потрошиле над 22,2 милиони евра. Најскапи биле изборите во 2014 година. За претседателски и вонредни параламентарни избори од центаралниот буџет се потрошени 6,5 милиони евра. Лани, вонредните парламентарни избори не чинеа 3 милиони евра. Предстојните избори на 15 октомври ќе бидат седми по ред, од 2008 година наваму, а колку ќе не чинат, ќе се знае следниот месец. 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.