Топ Новости >

Надуени јавни тендери за партиска пропаганда

  • Среда, Окт 04 2017

 

 

 


 


Екс градоначалникот на општината и кандидат на ДПМНЕ со помош на фирма добитник на јавен тендер од Општина Гевгелија поставува партиски реклами во предизборието. 

Ова е возило на фирмата „Дигитал“ ДОО Струмица која денеска со кран ги поставуваше рекламните партиски платна на кандидатот за градоначалник Иван Франгов и носителот на листата Андон Сарамандов. Свесни дека го кршат изборниот законик за користење на јавни средства (фирмата е добитник на јавен општински тендер чии услуги се плаќаат со средства од Буџетот на општината) возилото на фирмата марка „Мерцедес“ денеска имаше лепенки за да се прикрие логото на фирмата од вратата на возилото.

 

 

Друштвото за градежништво, занаетчиски работи, трговија и услуги „Дигитал“ ДОО од Струмица на 4 август конкурирал на тендерот за јавни набавки објавен од општината за „изградба на нови линии за улично осветлување во општина Гевгелија“ со вкупен износ од 4.745.700 денари. Наместо тоа Општината на 31 август годинава и' одобрила вредност на набавката од 5.599.926,- денари. Тоа е за 854.226 денари повеќе од првичната понуда која била прифатена како најдобра во тендерската постапка. Лесно е да се претпостави дека за 4,7 милиони денари „Дигитл“ ќе работи на осветлување на општината, а за разликата од 14.000 евра за „осветлување“ на партијата.

 

 

Ваквиот прикриен „дил“ за соработка со фирмата наместо за општински за партиски цели на градоначалникот во заминување и листата на советници од неговата партија денеска на својот веб портал го осудија од СДСМ Гевгелија.

Пред јавноста да го донесе својот суд на изборниот ден, ќе се одважи ли некој да ги пријави сите овие злоупотреби во предизборната трка од страна на градоначалникот со изминат мандат и партијата која не може да помисли на фер избори без нефер постапки на злоупотреба на јавните ресурси? 

Како изгледаше состојбата на терен од фотографиите во прилог.

Кој ја набљудува состојбата на терен? Црвеното „мицубиши“ со Франгов во него. Се' им тече според однапред договореното, со злоупотреба на парите на граѓаните. 

 


Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

Петиција за ОСТАВКА на ДИК

На социјалните мрежи граѓаните започнаа електронска петиција за оставка на сите членови на ДИК

Повеќе

Јавна дебата: Рудници: да или не?

Регионалниот форум на Цивика мобилитес во Струмица во соработка со „Топ Тема“ на Телма,  фокусиран на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници

Повеќе

Притвор за Мукоски и Арнаудов

Двајца во притвор, а четворица во домашен притвор

Повеќе

Паѓаат оставки и нови именувања во училиштата во Гевгелија

Оставки си поднесоа в.д. директорите на ОУ „Крсте Мисирков“, ОУ „Климент Охридски“ од Миравци и Основното Музичко Училиште „Васо Карајанов“, а на нивно место се поставени нови вршители на должноста

Повеќе

Потпишани првите договори за млади земјоделци

Девет апликанти од Гевгелија потпишаа договор со МЗШВ за користење на 10.000 евра неповратни средства за започнување на сопствена агро бизнис

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.