Топ Новости >

Поцков - локална самоуправа во партнерство со граѓаните

  • Сабота, Окт 07 2017


Во име на германската развојна фондација „Фридрих Еберт Штифтунг“ – канцеларија Скопје, чија цел е воспоставување на граѓанско партнерство со локалната самоуправа, денеска во Гевгелија беше потпишан документот „ДЕН ПОТОА“ кое означува ПАРТНЕРСТВО СО ГРАЃАНИТЕ, ГРАЃАНСКО ПАРТНЕРСТВО, СОРАБОТКА ЗА РАЗВОЈ И ПРОСПЕРИТЕТ.
Со документот кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија се обврзува по добивањето довербата редовно да соработува со граѓанскиот сектор и да работи на спроведување и што поголема имплементација на младински политики, социјална политика, активни мерки за вработување, животна средина, инфраструктура, еднакви можности за децата и граѓаните со посебни потреби, развој на спортот и останати теми кои го засегаат граѓанскиот сектор.
Настанот се одржа денеска напладне во салата на Пионерски Дом во Гевгелија и на истиот присуствуваше само кандидатот од СДСМ и коалицијата, Сашо Поцков, а отсуствуваше противкандидатот од ДПМНЕ.

Поцков со отвореност и респект кон мислењата и предлозите на граѓанските организации, пред чинот на потпишувањето на документот ги потсети дека неговите програмски заложби се отворена општина, транспарентна и во комуникација со граѓаните за да може да се реализираат сите неопходни потреби за еден нормален и достоинствен живот во Гевгелија, како за децата, младите, семејствата од социјалните категории, така и за лицата со посебни потреби, постарите, спортистите и другите потреби од нашето нормално секојдневие.
Присутните граѓански организации, претставници на спортски здруженија, претставници на пензионерите оддадоа поддршка на документот кој ќе биде од огромно значење за понатамошниот процес на имплементација на граѓанското партерство со локалата самоуправа.

Во пресрет на локалните избори 2017 во РМ, ние, претставниците на граѓанските организации во општина Гевгелија упатуваме барања до кандидатите за градоначалник на општина Гевгелија, преку кои очекуваме унапредување на состојбите во општественото, социо-економски и политички области на локално ниво, во нашата општина.

Се потпишувањето на долу наведените барања кандидатите за градоначалник прифаќаат, штом ја добијат довербата од граѓаните и стапат на функција дека ќе изнајдат решенија за имплементација на истите.

Сите активности во насока на имплементација на барањата, ќе подлежат на граѓански мониторинг кој ќе биде поддржан од „Фондацијата Фридрих Еберт“, во периодот до крајот на мандатот на градоначалникот.

Барања:

1. Потикнување на економскиот развој, вработувањето и отварање перспективи за напредок на младите на општина Гевгелија преку активна соработка меѓу централната власт и локалната самоуправа со цел да се запре процесот иселување на младите и подигнување на општата благосостојба во општината.

2. Дефинирање на младински буџет за помош на младински организации, иницијативи и политики
3. Заштита и обнова на градското зеленило и изградба на што повеќе паркови и зелени катчиња низ градот. Заштита и строго контролирана сеча на шумите на Кожуф
4. Изнаоѓање решенија за проблемот со исправноста на водата за пиење (со години граѓаните на општина Гевгелија пијат вода со одредена концентрација на арсен, кој е штетен по живот и здравјето);
5. Изградба на спортски центар, поддршка за спортските клубови и друштва
6. Во постојана комуникација со лицата со посебни потреби и нивните семејства да се обезбеди намалување на разликите и да се овозможат неопходните предуслови за нивна социјализација и интеграција во општествениот живот на општината
7. Да се обезбеди локација за изградба на дом за стари лица
8. Да се воспостават автобуски линии до сите населени места
9. Да се организира посета на патронажна служба во домовите на граѓаните (за старите лица)
10. Отварање на граѓански центар за помош и нормално функционирање на разните граѓански здруженија
11. Градење на отворено и транспарентна општина преку редовни средби со граѓаните, консултативни средби при донесувањето на секоја поголема одлука, испитување на јавното мислење.

Во пресрет на локалните избори 2017 во РМ, претставниците на граѓанските организации во општина Гевгелија со упатеното барање и потпишаниот документ „Ден потоа“ оо кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, изразија очекување за унапредување на состојбите во општественото, социо-економски и политички области на локално ниво, во нашата општина.

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.