Топ Новости >

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

  • Понеделник, Окт 09 2017


Животот во населените места бара и конкретни ангажмани кои што СДСМ во својата програма прецизно ги нотира како проектни остварувања за време на мандатот кој очекуваат да го добијат во локалната самоуправа во општината.

Кандидатот за член на Советот на општина Гевгелија од коалицијата што ја предводи СДСМ, Елизабета Јаневска, во своето денешно прес обраќање ги потсети своите сограѓани дека:

- „Нашата програма за подобар и подостоинствен живот за сите предвидува проекти и за Богородица.
Сегашниот систем на општински автобуски превоз не ги задоволува потреби на жителите на Богородица и другите населените места, а во некои населени места овој систем воопшто и не функционира. Ние се обврзуваме да обезбедиме редовен и навремен локален превоз за сите жители на населените места во Општина Гевгелија.
Од конкретни мерки за населеното место од каде што е делегирана Јаневска да биде претставник на граѓаните таа ги посочи: етапното средување на полските патишта во Богородица, реконструирањето на постоечките поголеми улици, обезбедувањето на доволно квалитетна и здрава вода за пиење, одржувувањето и редовно чистење на депонијата, подобрување на комуналната чистота и уличното осветлување во Богородица.

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.