Топ Новости >

Залез на новата ера во Гевгелија

  • Понеделник, Окт 09 2017


Нова ера без атмосфера во Гевгелија.

Десетиците и стотици граѓани на шеталиштето „Маршал Тито“ стеснето од изнајмениот простор за кафулињата, се протегаа едвај до втората маса на првото кафуле од старото корзо во Гевгелија. Да отидеа во Народниот театар во Гевгелија салата ќе останеше полупразна, а балконот, сигурно заклучен за пристап (за да не се раштрка публиката од скалите надоле, па низ врата - надвор, откога со свои очи ќе видат „колку е саатот за ДПМНЕ“).

Митингашите заборавени од своите самофалби, а во недостаток на еуфорична слика, без насмевки, без знамиња, без скандирања, се досетиле да постават две возила за блокада на излезните простори на улицата „Маршал Тито“ кон шеталиштето „Сава Михалјов“ низ улицата „7-ми Ноември“, и по патеката кај најстарата градска фонтана во Гевгелија, момчето со рипката (комбето со ознака „BIG“ и возилото покрено со партиското знаме на дпмне). 

ФОТО: Поглед на залезот на новата ера во Гевгелија на крајот од вечерашниот  митинг на просторот од централното градско шеталиште

Е војводи, е комити, е пропаст македонска. Народот со кој ги полните вашите усти разбра дека го претварате во јатаци на гласовите на апашите, па бега од вас и од казната која ве следува, а тоа е пропаста на локалните избори.

 


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.