Топ Новости >

 


 

Со првиот напад на Участокот во Прилеп на 11 Октомври 1941 година во Македонија започнува Народноослободителната војна. Во Гевгелија иако подготовките за исфрлање на први партизани во овој крај започнуваат во декември 1941 година, сепак дури пролетта 1943 година дојде до излегување на првите партизани од овој крај, а на 10 мај на падините на Кожуф планина и до официјално формирање на Првиот гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“.

Во текот на четири годишната Народноослободителна борба како борци - партизани од гевгелиската општина вкупно загинале 83 лица, од кои две жени. Од нив во непосредно судирање со окупаторксите војски, фашистичката полиција и квишлинските контра-чети загинаа 54 лица, фатени како борци, а потоа убиени осуммина, стрелани четворица, обесени тројца, загинати во несреќни случаи двајца и двајца исчезнати во текот на борбите.

Четворица од нив загинаа како народни херои.

Најмногу од загинатите борци и жртви на фашистичкиот терор загинаа во својата рана младост. Просечната старост изнесуваше 23 години, што значи младоста стоела во правите борбени редови во извојувањето на победа на македонскиот народ.

Во текот на фашистичката окупација не беше поштедено ниту мирното население. Како активни соработници се убиени вкупно 9 лица и уште 16 невини лица од мирното население под сомневање дека работеле за партизаните или им било пронајдено оружје.

При нападот на фашистичките војски на Југославија за време на априлската војна, во бившата југословенска војска (наши сограѓани затекнати во Југославенските простори) загинале вкупно 6 лица.

Од Гевгелија се депортирани и две еврејски семејства со вкупно 14 лица во логорите на смртта.

Според тоа бројот на вкупно загинатите лица во гевгелиско во текот на НОВ и антифашистичката револуција изнесува 168 лица од кои: 73 борци, 9 жртви на фашистичкиот терор, активни соработници на НОВ, 32 борци на НОВ и жртви на фашизмот - населени колонисти во Гевгелија и гевгелиско, 16 борци умрени од последиците добиени во НОВ, 8 војници загинати во составот на бившата југословенска војска, 16 жртви од мирното население и 14 евреи.

Ви благодариме за слободата слободари наши!


 

Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.