Топ Новости >

Поцков во победничко Миравци

  • Четврток, Окт 12 2017


-„Тука доаѓам секогаш со посебно задоволство, зошто секогаш што ќе се договориме тоа и го исполнувате. Со претседателот Зумров се договоривме на изборите во 2016 да го победиме пратеникот од Миравци Цуклев само за еден глас, ама не испадна така, го победивме со четири гласа.
Вечерва знам дека на сите Ви е јасно дека на 15 октомври Гевгелија ќе има нов градоначалник и ново мнозинство во Советот“, ја дели увереноста со граѓаните од Миравци кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашо Поцков на прексиноќа одржаниот предизборен митинг.

Поцков најави вистински капитални проекти, а не крпење дупки и асфалтирање на два метри улици со кои се фали градоначалникот на кој му истече мандатот. Во програмата на СДСМ „Живот во Гевгелија за сите“ ќе имаат еднаков третман комуниалните потреби на сите граѓани во општината и населените места да бидат пристојно место за живеење.

На клеветите од кандидатот на ДПМНЕ дека тој ќе се залагал за двојазичност, Поцков се спротивстави со ветувањето дека на 16 октомври кога власта ќе биде сменета, нема да биде ништо поразично од 14 октомври, ниту ќе има двојазичност, ниту ќе има бегалски кампови во Гевгелија. Тоа е имагинарна фикција на ДПМНЕ со цел да се поентира кај нивните гласачи.

Кандидатот на ДПМНЕ измислува имагинарни проблеми, а ги заборава реалните проблеми, како што пред еден месец се случи масовно труење на граѓани со бактерија ешерихија коли, поради загадувањето на водата за пиење како да сме во Бурма, а не во Европа, во 21 век, без да покрене никаква одговорност кон директорот на јавното комунално претпријатие како производител и дистрибутер на вода до граѓаните. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ кој се занимава со имагинарни проблеми, наместо со реалните, а СДСМ е партија која реално гледа на потребите на граѓаните и е подготвена да го донесе „животот во Гевгелија за сите“, посочи Поцков во својот говор пред полната сала во Домот на културата во Миравци.

Поцков ги потсети жителите на Миравџи за важноста на овие локални избори и дадениот глас за СДСМ и коалиционите партнери кои ќе значи поддршка на централната власт, на созвдавање услови за подобра економија, задржување на младите тука реализирани покрај своите семејства, брз влез во НАТО и Европската Унија, тоа ќе значи подобар живот за сите нас.

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.