Топ Новости >

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

  • Петок, Окт 13 2017


Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата што ја предводи СДСМ

Ташко Дојчинов, носител на листата на кандидати за советници на СДСМ и коалиционите пертнери, на вечерашната средба со своите сопартијки од Гевгелија рече:
-„Велат храброста и упорноста се одлики на жените. Такви сте и Вие жените Социјалдемократки од Гевгелија, решени да донесете промени во Гевгелија. Благодарност за поддршката за секој наш чекор и за сите заеднички достигнувања.
Жените се личности кои се соочуваат со реалните проблеми во животот и само преку вашите очи можеме да погледнеме далеку и визионерски.
Не случајно се вели дека жената е столбот на семејството, а Вие сите заедно сте столбот на нашето големо семејство - Социјалдемократскиот сојуз“, рече носителот на листата Ташко Дојчинов барајќи поддршка на 15 октомври за советничката листа на СДСМ која носи „Живот во Гевгелија за сите“:
-„Сакам да Ве замолам само за едно: продолжете и понатаму да бидете тој столб, помогнете ни' заедно да го вратиме семејството како важна клетка во општеството, но и да ја поддржиме улогата на жената и мајката во општеството“.
Знам дека Вашите срца вечерва, а и годините наназад, се исполнети со љубов и посветеност и таа е силата која не' водеше напред сиве овие години, и силата која ќе не' донесе до победата на 15 октомври.
Дојчинов се заблагодари зошто жените социјалдемократки биле единствената светлина во мракот сите овие 11 години и изрази убеденост дека сите заедно ќе слават победа вечерта заедно на 15 октомври.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова ги охрабри своите сопартијки дека се' повеќе и повеќе „женската боорба“ се исплатува, бидејќи се' повеќе добива поддршка од своите сопартијци, како што е Сашо Поцков во Гевгелија, а тоа значи напредок на жените во политичките води.
- „За прв пат на овие локални избори имаме шест кандидатки за градоначалнички на своите општини, имаме 16 жени носителки на листата на советници на коалицијата на СДСМ, имаме 40% застапеност на жените во листите на СДСМ и верувам дека на следните избори жените ќе обезбедат рамноправно учество во сите сфери, па и во политиката со учество од 50% изборувајќи се за родова рамноправност“.

Во своето обраќање пред Форумот на жени на СДСМ, кандидатот за градоначалник Сашо Поцков рече:

- „Со Вас, ми дадовте политичка поддршка и станав пратеник во два мандати. Сега чувствувам дека јас треба да и' вратам на родната Гевгелија. Затоа сум тука пред Вас, и бидејќи верувам на женската интуиција сакам да Ве прашам Кој ќе биде новиот градоначалник на општина Гевгелија???
Одговорот следеше со овации и скандирања: Сашо, Сашо!!!
Поцков ја замоли координаторката на Форумот на жени на СДСМ, присутна вечерва, Цветанка Ласкова, ододвде да му порача на премиерот Заев дека на 15 октомври Гевгелија победува.

На средбата беа претставени и осумте кандидатки за советнички на листата на СДСМ и коалиционите партнери. Тоа се: Даниела Иљкова од Негорци, Магдалена Делковска од Гевгелија, Снежана Ташевски од коалициониот партнер-Српската партија, Елизабета Јаневска од Богородица, Александра Караманова од Гевгелија, Александра Кочева од Прдејци, Тамара Венова од Ново Конско и Љубица Ивановска од Давидово.

Средбата заврши со пригоден коктел и дружба, во најава дека заедно ќе ја слават победата на животот на 15 октомври со бројот 19.

Фото: Кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатите за советнички од Гевгелија со претставниците од „Шарената револуција“, а сега пратеници во Собранието на РМ: Ивана Туфеџиќ од „Студентскиот пленум“ и граѓанскиот активист од „Хелсиншкиот комитет за човекови права“ Павле Богоевски, и двајцата претставници во Законодавниот дом на РМ

 


Утврден советот на општина Гевгелија

Во прилог, имињата на новите членови на гевгелискиот општински совет

Повеќе

Советот на општина Гевгелија со мнозинство на СДСМ

Со 2.302 гласа повеќе СДСМ го превзеде мнозинството од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината

Повеќе

Гевгелија доби нов градоначалник во првиот круг

Сашо Поцков, кандидатот на СДСМ убедливо со 2.347 гласови разлика го победи уште во првиот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Иван Франгов

Повеќе

Македонија гласа

Од вечерва на полноќ заврши предизборната кампања за Локалните избори 2017 година 

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ со кандидатите за новата локална власт

Средба на членките на Форумот на жени на СДСМ за Гевгелија со кандидатите за градоначалник, носителот и кандидатките за советнички во новиот состав на локалната самоуправа за Гевгелија од коалицијата

Повеќе

Поцков во победничко Миравци

ВИДЕО: Миравци и на последните парламентарни избори го победи кандидатот од ДПМНЕ, ќе го победи и на 15 октомври (Поцков)

Повеќе

Честит 11 Октомври

Денот на востанието на македонскиот народ одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари

Повеќе

Залез на новата ера во Гевгелија

Шака народ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија за промоција на кандидатите за локалните избори

Повеќе

Прес на Елизабета Јаневска (СДСМ) - кандидат за советник

Програмата на СДСМ нуди конкретни проекти за Богородица и сите населени места во Општина Гевгелија

Повеќе

Голем граѓански митинг на СДСМ во живо

ФОТО: „Живот во Македонија за сите!“ со десетици илјадници граѓани за поддршка

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.