Топ Новости >

Видео: Поплавен новиот пазар во Гевгелија

  • Четврток, Ное 09 2017


Денес, за време на обилниот дожд се поплави новоизградениот покриен пазар во Гевгелија. Вода капеше од панелите на кровот, вода излегуваше и жубореше од олуците, од спојќите на олуците, а затната беше и атмосферската канализација на затворениот пазар.

Пазарџиите се жалеа „Цел ден сме во вода. Кој да застане на нашата тезга кога цела е во вода? Купувачите треба да доаѓаат во гумени чизми.“

Најдолгата инвестиција на поранешната локална власт започната во декември 2012 година, а пуштена во употреба во август 2017, иако градежниот план на реализација бараше само три месеци градба, на првиот обилен есенски дожд ја покажа својата нефункционалност и фушерај во изведбата. Атмосферската канализација не функционира, а за злото да биде поголемо, од подземните отвори избива вода на површината од пазаришто.

Сликите од предавањето во употреба на новиот објект од 3-ти август годинава се' уште се свежи. Се надеваме, на дофат на новата локална власт се и тендерските документи од кои може да се испита кој се' наплатил за неквалитетната изведба и потопениот нов пазар за гевгеличани.

 



Новиот пазар во Гевгелија е инвестиција за која минатата локална власт потроши 1,3 милиони евра средства од Буџетот на Општина Гевгелија. Истиот го градеше 20 пати подолго од предвидениот рок и потроши 300.000 евра повеќе од проектниот план, а врв на криминалот е неизградбата на предвидените 16 дуќани во рамките на пазариштето кое се простира на 5.880 метри квадратни и важи за покриен пазар, а еве повторно има отворени панели каде се' уште врене, протекува и го поплавува пазариштето. Дуќаните ги нема, а празниот простор предвиден за нив сјае од дождовница и поплавени шахти.

Пазарџиите со право негодуваат. Тендерските тефтери ќе кажат кога и како ќе негодуваат финансиските инспектори за несовесно изграденото, претплатеното и нефункционално оставено на милост на дождот и есенското секојдневие.

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.