Топ Новости >

Паѓаат оставки во гевгелиските институции, именувани нови раководители

  • Среда, Ное 15 2017


Со одлука на Градоначалникот на Општина Гевгелија, од почетокот на месецот именувани се нови раководители на три општински основни училишта на Јавната општинска установа „Детска радост“ од Гевгелија и на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија.

На почетокот од ноемви годинава оставка од функцијата директор на ЈОУ ДГ „Детска радост“ поднела Фроска Димовска, дведецениски раководител на оваа општинска јавна институција. Според овластувањата на Градоначалникот согласно Законот за локална самоуправа, испразнетото раководно место треба да се пополни во рок од три дена. Градоначалникот Сашо Поцков на местото вршител на должноста директор ја именува Бети Стојменова, долгогодишен вработен во оваа јавна институција. Таа како в.д. директор стапи на функција на почетокот од минатата недела. Во надлежност на ЈУГД „Детска радост“ се трите градинки во Гевгелија и детските градинки Негорци, Богородица и Мрзенци со кои треба да раководи новоименуваната Стојменова.  

Оставка на функцијата директор поднесе и директорката на Општинското основно училиште „Владо Кантарџиев“, Снежана Аџиева. Деновиве беше актуелна нејзината изјава дека се гордее со својот лик и дело, особено откако се разбуричкаа негодувањата во пошироката јавност со анкетата меѓу учениците од 4 и 5 одделение за мигрантите и прашањата дали сакаат деца од Сирија, Иран, Ирак, Авганисатан да им бидат другарчиња, или да живеат во нивната зграда, или да го делат домот во нивното семејство.
По изјавата за гордоста за нејзината работа Аџиева ненадејно си поднесе оставка од функцијата директор. Постапувајќи по овластувањата од ЗЛС, Градоначалникот Поцков со Решение го постави за вршител на должноста директор во ООУ „Владо Кантарџиев“ Цветан Нелоски, долгогодишен вработен во образованието како наставник по физичко воспитување. Нелоски, во понеделникот на 13 ноември ја превзеде функцијата вршител на должноста директор на ООУ „Владо Кантарџиев“ како и на подрачните училишта во Богородица и Мрзенци кои работат во состав на споменатото Општинско училиште.

Нов вршител на должноста директор на ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци е Жаклина Линкова, досега вработена како наставник по македонски јазик во истото училиште. Таа доаѓа на местото на досегашниот вршител на должноста директор, Коста Попов на кого му истекол мандатот и неовластено ја обавувал функцијата директор на училиштето. Тој на функцијата дошол од Подрачното училиште Прдејци каде бил вработен како одделенски наставник. Жалкина Линкова покрај ООУ „Ристо Шуклев“ ќе раководи и со подрачните училишта во Прдејци и Кованец, кои се во надлежност на основното училиште во Негорци.

Во петокот на 3 ноемви со овластување на градоначалникот поставен е нов командир на Територијалната противпожарна единица во Гевгелија, Раде Котески, долгогодишен вработен во оваа единица со 31 годишно работно искуство, од тоа 15 години на раководно место комантир на ТППЕ Гевгелија. Тој ја превзеде функцијата командир на ТППЕ од Драги Делев, кој повеќе месеци во годината бил отсутен од работно место поради боледување, со тешка повреда на вратните пршлени, без можност да обавува организациона и теренска работа, со што била загрозена и безбедносната одговорност на задачите кои ги имаа ТППЕ  

Денеска, оставка на функцијата директор на ООУ „Климент Охридски“ во Миравци поднесе Тони Добарџиев кој на оваа функција беше изминатите осум години. Се очекува, исто како и во претходните случаи градоначалникот да одговори со решение за ново именување, во рок од три дена.

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.