Топ Новости >

Партиско предизборно профитерство на Аџи и Атанасов

  • Среда, Ное 22 2017


Советник на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија и сопартиец-сограѓанин на поранешниот директор на скопски „Водовод“ ги опремил со слики канцелариите на барокната зграда на ЈП „Водовод и канализација“  Скопје. 

Уметничките слики кои се наоѓаат на секој ѕид во кабинетот на директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ се дело на уметникот Драги Хаџи Николов, кој е советник во претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, но и претседател на општинскиот Совет. Слики од овој автор чекаат да бидат закачени и на ѕидовите во други канцеларии, а го чинеле јавното претпријатие околу 22.000 евра, пренесува денеска „Фокус“, иако цената во вчерашниот напис за набавката на истите дела беше 30.000 евра.

Уметничките дела со етно, религиозни и антички мотиви се набавени во постапка со преговарање без објавување оглас. Договорот со Хаџи Николов е склучен неколку недели пред локалните избори и пред промена на власта во Скопје. 

Поранешниот директор, Александар Атанасов, кој му е и сопартиец на уметникот, вели дека не одлучил тој за набавката. Одлучил Жарко Чаушевски, архитект и творец на барокната ротонда во која е сега сместено претпријатието. 

- „Не одлучив јас да се ангажира Хаџи Николов. Да, точно е дека јас го склучив договорот, но за тоа со кого ќе биде склучен одлучи посебна комисија предводена од Жарко Чаушевски, како автор на зградата“ – вели Атанасов за истиот портал. 

Набавката на слики во вредност од милион и пол денари било позиција предвидена во договорот со „Алдинг Инжинеринг“ за изградба и опремување на зградата. Директорот одлучил да се реализира одделно, во посебна постапка. Така, вели тој, била формирана комисијата на чело со Чаушевски, а набавката била одобрена од Советот за јавни набавки. 

Хаџи Николов редовно има изложби низ салоните во Македонија, а финансирани од Министерството за култура. Во 2011 година неговите дела беа изложени во ликовниот салон на МАНУ.  

Пред да биде поставен за претседател на Совет на Општина Гевгелија, беше директор на градската библиотека Гоце Делчев во овој град. Драги Хаџи-Николов стана претседател на Советот во време кога веќе бившиот директорот на „Водовод и канализација“ – Александар Атанасов, беше претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Гевгелија, открива ФОКУС во денешниот напис.
Дека врската на двајцата сопартијци е взаемна и функционална зборува и фактот што Хаџи-Николов стана претседател на Советот на општина Гевгелија со помош на мнозинството членови од оваа партија кои гласеа за неговиот избор на оваа функција, наспроти носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Гевгелија на Локалните избори 2013 година. 

Делата н Хаџи-Николов ги красат и просториите на Општинската зграда во Гевгелија, За време на неговото извршување на функцијата претседател на Советот на општината, во салата за состаноци на Општината поставени се на ѕидовите дела од неговата продукција, во кабинетот на градоначалникот и други јавни институции, се разбира платени со јавни пари од средствата на буџетот на РМ и јавните давачки на граѓаните кон вршителите на јавни услуги. 

Симптпоматичниот период на нарачка на дела од Хаџи-Николов во пресрет на локалните избори 2017 само укажува колку биле очајни во интиуцијата дека ќе изгубат и алчни во намерите да наплатат за слики кои дури нарачателот не успеал ниту да ги закачи сите на ѕидовите од ЈП „„Водовод и канализација“ Скопје. Значи не им било до ќитење. До крадење им било. Зошто, нема логика нарачателот на изградбата на барокниот објект да предвидел дека внатрешната декорација треба да биде со черѓиџиња, ѓумчиња, аванчиња од етно-уметничките дела на гевгелискиот уметник.

 

 


Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.