Топ Новости >

Дожливиот викенд ги наполни речните корита во Гевгелиско

  • Сабота, Дек 02 2017


Според најавата на синоптичарите и понатака не' очекуваат обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци во државата. Најголеми покачувања се очекуваат во западните, југозападните, северозападните делови од Република Македонија. На одредени критични места можна е појава на локални излевања кај помалите реки, но и кај реките Треска, Кичевска, Радика, Сатеска, Лепенец, горен тек на Вардар. (Јегуновце, Рашче, Скопје-Центар во делот од шеталиштето возводно од градбите).
Се предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Врнежите од дожд засега не се опасност за водотеците во подрачјето на општина Гевгелија. Реката Конска, Сува река и Вардар денеска изгледаа со капацитет да ја издржат постојната водена маса.

Вардар по долното течение кај Гевгелија - сабота 02.12.2017

Водотекот на Сува река - сабота 02 декември 2017

Во ноќта кон недела, односно во раните утрински часови од овој ден, се очекува уште еден бран на умерен дожд кој бргу ќе пројде од запад кон исток.

Преку ден в недела останува облачносто време, н врнежите би биле слаби и релативно ретки. Ги очекуваме во крајните источни и крајните западни делови.
Недела ќе биде и нешто поветровита, особено во јужната половина од земјава.

Наутро минималната температура викендов ќе биде прилично висока, а ќе има вредности помеѓу 5°С и 10°С во поголем дел од населените места.

Мостот кај Моин - сабота 12 декември

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.