Топ Новости >

Паѓаат оставки и нови именувања во училиштата во Гевгелија

  • Вторник, Дек 05 2017


Со оставка на дошегашните вршители на должноста директор со изминат мандат, во училиштата „Крсте Мисирков“ во Гевгелија и „ООУ „Климент Охридски“ од Миравци, ООМУ „Васо Карајанов“, градоначалникот на општина Гевгелија поведе постапка за нивно разрешување и именување на нови В.Д. директори на овие општински образовни институции.

Со решение на градоначалникот од 27 ноември именуван за дршител на должноста директор во Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ е Михаил Петров, долгогодишен наставник по ликовно воспитување во ова училиште. Тој доаѓа на местото на Магдалена Каркалашева, која на оваа функција била изминативе триипол години, а сега се враќа на своето прво работно место, оделенски наставник.
Михаил Петров е дипломец на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, сектор графика и дизајн, со регулирани педагошки испити како доквалификација за да обавува наставна дејност.
Своето прво работно ангажирање во образованието го имал во 1997 година како наставник по ликовно воспитување во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци. Овде и ја обавувал функцијата директор од 2006 до 2009 година. Како наставник кој одржувал часови и во Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, Петров во 2009 година бил избран за директор на ова средно училиште, но само шест месеци. Локалните избори и изборот на нова локална гарнитура на раководство во таа година, му го преќинале мандатот како директор и Михаил Петров продолжил со наставна дејност во „Крсте Мисирков“.
Како долгогодишен познавач на приликите во образованието смета дека со своето искуство во понатамошната работа ќе даде акцент на подобрување квалитетот на работата, преку транспарентна и сложна соработка на колективот, кој сега е во незавидни меѓучовечки односи. Дисциплината и редот на работите мора да бидат поставени во функција на дејноста која ја обавуваат 50-мина вработени кои опслужуваат образовна дејност на над 700 ученици, заедно со подрачното училиште во Моин, вели новоименуваниот В.Д. директор на „Крсте Мисирков“ Михаил Петров.
Примопредавањето на функцијата беше извршена минатиот петок, на 1 декември, со што официјално ја превзеде должноста да раководи со ова основно уилиште и подрачното во Моин.


Смена на директорската позиција минатиот месец имаше и во Општинското основно училиште „Климент Охридски“ во Миравци. Овде на местото на досегашниот вршител на должноста Тони Дебарџиев, со решение на градоначалникот на Општина Гевгелија именувана е Марија Костадинова, долгогодишен наставник во ова училиште.
- „Функцијата ја превзедов на 17 ноември. Тоа за мене значеше сатисфакција на 14 годишниот труд во образованието, но и одговорност за подобрување на состојбите во училиштето, како во Миравци, така и во трите подрачни училишта во наша надлежност во Милетково, Давидово и Смоквица. На прво место е подобрувањето на условите за работа, најпрво санација на покривот како во Миравци, така и во подрачните училишта, доопремување на училниците со мебел и нагледни средства, како проектори, платна за проектирање, столчиња и шкафчиња за училниците од прво одделение, оградување на училишниот двор. Тоа е обврска која ја планиравме во годишниот план за работа и финансирање на училиштето. Се надеваме на поддршка на Општина Гевгелија, но конкретно и преку грантови кои ги обезбедува Министерството за образование и наука на РМ“, вели новата В.Д. директорка Костадинова.

Колективот од 26 вработени опслужува 146 ученици во централното и трите подрачни училишта. Во четврток на 7 декември училиштето ќе слави патронат, а учениците подготвуваат богата културна програма.


Нов управител е назначен и во Општинското основно музичко училиште „Васо Карајанов“ од Гевгелија. Со решение на градоначалникот на Општина Гевгелија од оваа недела, за В.Д. директор на ова музичко училиште во Гевгелија поставена е Сузана Стефановска, досега вработена во ова училиште како наставник по виолина.

Од образовните институции во Општината останува смената на в.д. директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ на кого мандатот му изминува во февруари следната година.

 


Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

Реновирана Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија

Претставник на УНХЦР и Министерката за труд и социјала денеска ја посетија градинката и го пуштија во употреба реновираниот дел

Повеќе

Закроени лозјата во чест на Светецот Трифун

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.