Топ Новости >

Јавна дебата: Рудници: да или не?

  • Среда, Дек 06 2017


Регионалниот форум на Цивика мобилитес во Струмица во соработка со „Топ Тема“ на Телма, на која се отвори јавна дискусија фокусирана на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници.

Панелисти на дискусијата беа Градоначалниците од општините Гевгелија, Дојран, Валандово, Богданци, раководителот од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и претставник од иницијативата „Југоисток против рудниците“.
Дебатата ја водеше Снежана Лупевска која ги предизвика градоначалниците со констатацијата дека градоначалниците замолкнале со нивните реакции за рудниците, поставувајќи прашање „Каков е нивниот став околу отварањето на рудниците во овој регион, и дали се против изјавите на премиерот дека во оваа насока треба да се постапува мудро, за да се избегне плаќањето на пенали од 70 милиони евра доколку еднократно и брзо се донесе одлука за стопирање на рудниците?“

Дециден во својот став „против рудниците“ беа сите присутни градоначалници од југот.
Петар Костадинов од Валандово се спротивстави на констатацијата на „замолкнати градоначалници“ изјавувајќи дека тој од старт бил вклучен во кампањата против рудниците и дека и во сегашниот период имал неколку јавни настапи по оваа проблематика, одржал прес конференција за медиумите, редовно е во контакт со централната власт и надлежните тела со намера рудникот „Казандол“ кој е во срцето на Валандовската општина да не проработи и да не биде стартуван. Апелирав и уште ќе апелирам Валандово да остане чиста еколошка општина, рече на панел дискусијата Градоначалникот на Валандово, Петар Костадинов.

Блажо Шапов, Градоначалникот од Богданци, на истиот предизвик на Лупевска одговори дека населението од Богданци со 90% се изјасни на референдум против рудниците. Тоа е став и на Општината, дека не се прифаќа отварање на рудници кои можат да влијаат врз животната средина и здравјето на луѓето.

Анго Агов, Градоначалникот на општина Дојран истакна дека општината останува на ставот против удниците. Доставена е иницијатива до Уставен суд на РМ за оспорување на изградбата на рудникот. Засега немаме одговор од оваа институција но и новиот Совет и локалната власт остануваат максимално истрајни на ставот „Против рудници“ на подрачјето на општината.

Во циклусот прашање, Градоначалникот на Гевгелија беше предизвикан со потпрашање: “Како ќе му се спротивставите на премиерот по прашањето на рудниците?“

- „Концептот на владата е одржлив економски развој. Значи баланс во развојот како во економијата, така и во екологијата. Во Гевгелија имаше референдум кога се вршеа истражувања на рудните наоѓалишта, бидејќи фирмата имаше концесија за истражување. Значи во Гевгелија не постои рудник, додека во другите општини збориме за рудници кои се во фаза на изградба, поради добиена концесија за експлоатација на руди. Профитот да не оди на штета на екологијата, така ја сфаќам изјавата на Премиерот. Политиката на претходната влада беше да се отвараат рудници, политиката на оваа влада е НЕ за рудниците“, одговори Сашо Поцков, Градоначалник на Општина Гевгелија.

За Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, прашањето за рудниците како жешка тема, беше малку далечна од ингеренциите на ова регионално тело.
- „Најважна стратешка цел за нас е заштитата на животната средина. ЈПР не е надлежен за рудниците. Но, членките на ЈПР ни' се обратија и не замолија „Помогнете ни да не не' трујат“. Членки на нашиот ЈПР се 10 општини од овој дел на Македонија и заедно доставивме барања, прашања, заклучоци за проблемот со рудниците испратени до Владата, и наша обврска е да бидеме мост на заедничка соработка на општините со органите и телата на централната власт и да подготвуваме заеднички проекти кои треба да придонесат за локалниот и севкупниот развој на регионот“, објасни Ѓуркова во своето искажување на панел дискусијата.

Претставничката од иницијативата „Југоисток против рудниците“ Симона Гетова потсети на фактот дека со референдумите против рудниците се изјасниле над 60.000 граѓани. Тогаш жошто продолжува опремувањето на рудникот „Казандол“ кај Валандово“ и продолжува со работа рудникот „Иловица“ кај Струмица?. Таа во име на иницијативата јавно побара ИТЕН мораториум за рудниците, стопирање на сите 86 доделени концесии од минатата власт, објавување на сите доковори и деловни документи со концесионерите на ВЕБ страниците на Локалните самоуправи и Министерството за животна средина.

Иако повеќето упатуваа на конечен одговор од институциите на централната власт, конкретно на Министерството за економија каде за време на практикувањето на функцијата од претходната власт беа доделени 86 концесии за испитување и експлоатација на минерални суровини на подрачјетона Македонија, забележително беше отсуството на претставник од ова министерство на панел дискусијата, иако беше уредно поканет од страна на организаторите.
Освен Министерството за економија, на дискусијата забележително беше отсуството на градоначалниците од Струмица и помалите општини околу Струмица кои конкретно се соочуваат со фактот рудникот „Иловица“ да продолжи да работи, наспроти бројните реакции од граѓаните присутни на дебатата кои бучно не го одобруваа нивното отсуство ниту пак работата на „Иловица“.

-„Ако се работи за профит од 2 милиони денари, оставете мојата фирма која се занимава со земјоделие, а сум од тој крај, од Иловица, ќе го оствари тој профит за државата. Дојдете да ја пробате сега водата во Иловица па ќе ви биде јасно. Ако продолжи рудникот со работа, не само јас што ќе ја затворам фирмата, туку тоа ќе биде крај на земјоделието во овој регион“, се пожали жител и бизнисмен од селото Иловица, кај Босилово.

Меѓу публиката која ја следеше дебатата беше и претставничката од ДОМ, Лилјана Поповска, таа ги праша пнелистите со намера да им укаже: Дали го виделе договорот за рудникот Казандол. Во него има доста изминати а нереализирани рокови, стручни студии со неточни податоци издадени од нелиценцирани агенции, не се инвеститори бидејќи не градат ништо, а и тоа што божем го трошат се наши пари, со кредитно задолжување во наши македонски банки, и ако се следи договорот, лесно може да се најде праве излез за раскинување на договорот за рудникот Казандол без државата да исплати ниту денар пенали.

Жалосна беше реакцијата на обраќањето на претставникот на рудникот Бучим, инаку претседател на секторот за рударство при Стопанската Комора на Македонија. Тој кажа дека „Во Бучим има погон на лужење и тој е еколошки погон“. Смеата и довикувањата „уа“ надвладеаја над неговиот говор. Тој сепак храбро продолжи пред публиката со оценките: - „Казандол не е рудник туку проблем. Тој е политички проблем. Казандол е почнат и од него треба правно да се најде излезот. Таму има злоупотреба на функции. За Иловица, ако Струмичко поле го гледаме како извор на храна треба стручни лица да седнат и направат анализи и извлечат оценка што ќе се добие следните 20 години од земјоделството, а друга комисија да оцени ако продолжи Иловица, што ќе изгуби земјоделството. Лично не сум за генерално затварање на сите рудници“ изјави Николајчо Николов.

На прашањето како би ја притиснале централната власт по ова прашање, дали би и' се спротивставиле на Владата, дали би поднеле оставка, Градоначалниците беа отсечни дека сите мерки кои им се на располагање ќе бидат употребени, секако најпрво во соработка и договор со надлежните тела, а ако треба и искажување непослушност, па дури и оставка, беше дециден Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово. Истата лична спремност за истерување на предизвикот со рудниците до крај ја искажаа и останатте тројца градоначалници од југот на Македонија. Југоситочните претставници на локалната власт, нагласивме отсуствуваа од јавната дискусија пред граѓаните и невладиниите организации од областа на екологијата.

Дебатата „Рудници: да или не?“ се одржа во „Домот на АРМ“ во Струмица, пред камерите на „ТВ Телма“, а ќе се емитува во петок во рамките на емисијата „Топ тема“. Панел дискусијата е реализирана со подршка на Швајцарската фондација за развој „Цивика мобилитас“.

 


Проектот „ЕУ за тебе“ донираше опрема за гранична полиција - Гевгелија

Видео: Денес во Гевгелија донирана донација вредна 3,7 милиони евра на Министерството за внатрешни работи на РМ од страна на Европската унија 

Повеќе

ДИК во оставка

На првата наредна седница на Собранието на РМ треба да ги констатира нивните оставки

Повеќе

Утре 5 улици од Гевгелија без вода

За утре е најавен прекин на водоснабдување во централното подрачје на Гевгелија

Повеќе

Тројца членови од ДИК поднесоа оставки

Чичаковски, Дума и Милев подлегнаа на јавниот притисок и сами поднесоа оставка 

Повеќе

ДПМНЕ ќе бира нов лидер на 23 декември во Валандово

Вонредниот конгрес за избор на нов лидер на ДПМНЕ ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември

Повеќе

Буџетот на општина Гевгелија за 2018 тежок 15,7 милиони евра

Советот на општина Гевгелија даде зелено светло за нацрт буџетот на општина Гевгелија за 2018 година, кој во приходната страна има проекција од 15,7 милиони евра (965,5 милиони денари)

Повеќе

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорност за корупција

ВИДЕО: Мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата - (Премиерот Заев)

Повеќе

Протестен марш: СТОП за Казандол!!!

Утре напладне, во Валандово се организира Голем протестен марш за ИТНО запирање на Рударскиот комплекс КАЗАНДОЛ!

Повеќе

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната

Повеќе

Правописот на македонски јазик од денес бесплатно на интернет

Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.