Топ Новости >

Советниците на ДПМНЕ во Гевгелија ја напуштија 4-та седница

  • Четврток, Дек 07 2017


Во знак на протест со напис на столчињата во салата за седници „Слобода за нашите браќа и сестри македонци!“ членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната редовна, 4-та по ред седница на ова локално самоуправно тело.

Иако денешната седница изобилуваше со точки на дневен ред кои ја определуваат и трасираат работата на Советот на општината за следната 2018 година, како Буџетот на општината за 2018, Програма за урбаницација, Програма за развој на комуналната инфраструктура, Програма за работа на институциите и установите кои се под надлежност на Општината, сепак седуммината претставници на коалицијата „За подобра Македонија“ се изјаснија дека ја напуштаат седницата.

Работата на седницата по усвоените 31 точки на дневен ред продолжија во присуство на членовите на СДСМ и еден претставник од независната граѓанска листа.

За постапките на својата советничка група партијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гевгелија ги известија своите членови преку социјалните мрежи, уште додека траеше седницата на Советот со пораката дека тоа е „во знак на поддршка на неправедно обвинетите и притворени браќа и сестри Македонци!!! Сашо Василевски, Игор Дурловски, Горан Ангелов и останатите притворени НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ!!!“

Мислењата на граѓаните се поделени. Едни велат „Браво“, други сметаат дека ова е „Бегање од дебата“.

 

 


Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.