Топ Новости >

Поцков: Не за рудници, ДА за живот!

  • Недела, Дек 17 2017


Градоначалникот на општина Гевгелија со Соопштение до јавноста се огласи во врска со Барањето за концесија за детални геолошки истражувања, а треба да биде точка на дневен ред на претстојната петта редовна седница на Општина Гевгелија, закажана за 21 декември годинава.

Во соопштението се вели:

„Почитувани,
Вчера, 15 декември 2017 година, до општина Гевгелија пристигна Барање со кое од општината се бара Мислење по однос на трансформација на веќе отпорано доделена Концесија за проспекциски истражувања во Концесија за детални геолошки истражувања.

Општината е должна во рок од 15 дена да достави Мислење и затоа веднаш и без одлагање ова прашање го поставивме како прва точка на дневен ред на првата наредна седница на Советот која ќе се одржи во четврток, 21 декември. Како што ветивме, работиме одговорно и транспарентно.

Мојот став, ставот на мнозинството во Советот и ставот на граѓаните на општина Гевгелија е многу јасен- НЕ за рудници, ДА за живот“, се вели во соопштението од Градоначалникт на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Поцков, како претседател на Општинската органзација на СДСМ беше активно вклучен во кампањата против отварањето на рудници, за време на подготовките на граѓанскиот референдум на кој гевгеличани во април годинава над 98% кажаа „НЕ“ за рудниците. Деновиве Поцков беше вклучен и на јавни дебати организирани од Телевизија Телма и Фондацијата „Цивика мобилитас“ за рудниците во југоистокот, и неговиот став, како и ставовите на присутните градоначалници од југоистокот беа идентични - против отварање рудници кои би ја загрозиле животната еко средина на регионот.

Соопштението е со цел да се сузбијат шпекулациите дека општината ја менува политиката за рудниците штом ја навела како прва точка на дневен ред на претстојната седница на Советот. Значи, во прашање е одлучност, а не промена на став.

 


Стартуваше проектот за уредување на Динќут

Со средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка општина Гевгелија како партнер со Агенцијата за развој од Банско ќе го уредува туристичкиот и спортски локалитет Динќут

Повеќе

Празничниот јануари ги намали крадците во Гевгелија

Тоа го потврдува и извештајот на Полициска станица Гевгелија која службено констатирала дека во период од 15.01. до 21.01.2018 година на подрачјето на полициската надлежност, нема регистрирано ниту

Повеќе

Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.