Топ Новости >

Хуманитарен базар на Форум на жени на СДСМ Гевгелија

  • Недела, Дек 24 2017


Со хумани донаторски прилози од домашно приготвењи јадења, колачи, украси за нова година, синоќа во просториите на Општинската организација на СДСМ се одржа традиционалниот новогодишен хуманитарен базар, во организација на активистките и членки на Форумот на жени на СДСМ Гевгелија.

Богатата трпеза на домашни изработки беше понудена на откуп од страна на органозаторите.
- „Да испратиме порака на среќа и да стоплиме нечиј дом со малиот донаторски прилог кој ќе го обезбедиме со нашата подготвена хуманитарна трпеза која ви ја нудиме на откуп, а секој дополнителен паричен прилог ќе биде добредојден, за оние на кои им е најпотребен“, објави на почетокот од манифестацијата претседателката на Регионалниот Форум на жени на СДСМ, Марина Горгиева.
Таа се заблагодари на сите за посветеноста, за хуманоста, за насмевката и подадената рака, во овие претпразнични денови, каде помошта е најпотребна.

Гостин на базарот беше и претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија Сашо Поцков кој ги поздрави учесничките на хуманитарниот базар, изрази благодарност за нивната хуманост, а како актуелен градоначалник на општина Гевгелија најави активна социјална програма на општината кон ранливата категорија граѓани.
- „Хуманоста е човекова доблест, а јас се гордеам што ОО на СДСМ има такви претставнички и активистки на Форумот на жени кои со овој традиционален базар покажуваат човечност и грижа за поединци од нашето општество“, рече Поцков и го отвори базарот со откуп на првиот производ и првите донирани парични средства во кутијата за хуманитарни прилози.

Собраните средства од распродажбата на артиклите и хуманитарните парични прилози ќе бидат донирани во текот на утрешниот ден на деца со посебни потреби од детската градинка „Цветови“, за загрозени семејства со мали деца од општината и самечки социјални домаќинства.


Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

Кривична за поранешен директор на основно училиште во Миравци

Спротивно на законите и одредбите си ја зголемил платата за повисок ранг

Повеќе

Трамп нареди воздушни напади против режимот на Асад

Утринава САД, Британија и Франција започнуваат со воздушни напади на Сирија

Повеќе

За 5 месеци 11 седници на Совет на општина Гевгелија

Со 23 точки на дневен ред денеска (петок 13 април) се одржува 11-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Поскапуваат цигарите

Пролетно поскапување на цигарите

Повеќе

Интерпелацијата на Владата одбиена од мнозинството пратеници

Владата ја доби довербата од пратениците, а подносителот на интерпелацијата немаше доволен број аргументи за да ги убеди другите пратеници да гласаат за интерпелација

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.