Топ Новости >

Три последователни земјотреси почувствувани во Гевгелија

  • Понеделник, Јан 01 2018


Првиот ден од јануари почувствувани три бранувања на земјиното тло во Гевгелија, во интервали од три минути. Првиот потрес со залулување на тлото во правец север-југ со две замајувања на површината за земјата почувствуван е од жителите на Гевгелија, Дојран, Богданци во терминот од 23:13 часот. Следуваа уште придвижувања на земјиштето во интервал од по две минути, во 23:15 и 23:19 часот.

Според податоците од Сеизмичката лабораторија во Атина, епицентарот на земјотресот е на 32 километри северно од Килкис, (Кукуш) што значи близу македонско грчката граница Килкис-Стар Дојран, на грчка територија. Длабочината на потресот е регистрирана во длабочина од 10 километри во земјиното тло.
Силината на земјотресот е со јачина од 3,9 степени од европската макросеизмичка скала.

Вториот удар е регистриран 17 километри северозападно од Килкис, со магнитуда од 3,7 степени од европската макросеизмичка скала исто на длабочина од 10 километри на земјиното тло.
После изминати три минути, на 12 километри северозападно од Кукуш е регистриран третиот удар со јачина од 3,1 степени од ЕМС, исто на 10 километри длабочина под земјата.

На картата на Атинската сеизмичка лабораторија, се' уште свети црвената точка што значи активно сеизмичко подрачје.

На социјалните мрежи корисниците коментираат дека потресот бил почувствуван до Берово, Радовиш, Струмица и Велес.

 


Стартуваше проектот за уредување на Динќут

Со средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка општина Гевгелија како партнер со Агенцијата за развој од Банско ќе го уредува туристичкиот и спортски локалитет Динќут

Повеќе

Празничниот јануари ги намали крадците во Гевгелија

Тоа го потврдува и извештајот на Полициска станица Гевгелија која службено констатирала дека во период од 15.01. до 21.01.2018 година на подрачјето на полициската надлежност, нема регистрирано ниту

Повеќе

Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.