Топ Новости >

Мирна новогодишна ноќ во Гевгелија, Богданци и Дојран

  • Вторник, Јан 02 2018


Според податоците на Полициска станица Гевгелија последната недела од декември и Новогодишната ноќ поминале без многу непријатности и кражби. Евидентирана е само една кражба во маркет каде предмет на делото бил еден мобилен телефон без проценка на настанатата штета. И покрај предновогодижната раздвиженост на граѓаните и отсуството од домовите на повеќето од членовите на семејствата, и крадците како да се опуштиле од намерите за можни кривични дела.

Раздвиженоста по патиштата и улиците си донесе свој биланс од евидентирани три сообраќајни незгоди, во кои причините за несреќата биле недржењето растојание помеѓу возилата и истрчување дивеч на патот. Материјалната штета е проценета на 85.000 денари. Нема повредени во сообраќајките.

Од Полициската Станица во Гевгелија која е со општа надлежност на подрачјето на Гевгелија, Богданци и Дојран  во Информативниот билтен за настани евидентирани во последната недела од декември се регистрирани и четири случаи на нарушување на јавниот ред и мир. На случувањата интервенирале полициски службени лица заради „физички напад“, без да се прецизира за која општина и кое населено место станува збор.

За сите дела полицијата подготвува документирани записи и соодветни пријави до надлежните органи.

 


Стартуваше проектот за уредување на Динќут

Со средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка општина Гевгелија како партнер со Агенцијата за развој од Банско ќе го уредува туристичкиот и спортски локалитет Динќут

Повеќе

Празничниот јануари ги намали крадците во Гевгелија

Тоа го потврдува и извештајот на Полициска станица Гевгелија која службено констатирала дека во период од 15.01. до 21.01.2018 година на подрачјето на полициската надлежност, нема регистрирано ниту

Повеќе

Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

 

 

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.