Топ Новости >

Нови сметки за вода од јануари 2018 за гевгеличани

  • Четврток, Јан 04 2018


Со цена за потрошен кубик вода од 14,46 денари и цена за одведување урбани отпадни води (канализација) од 3,6 денари по еден кубик, комуналните сметки на потрошувачите од градскиот водовод во Гевгелија ќе бидат пониски за 1,34 денари. Тоа значи намалување на вкупната сметка за вода од 6,907 одсто.

Ваквата одлука следуваше по барање на Регулаторната комисија за водостопанство која врз основа на бројот на потрошувачи и податоци за материјалното работење на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија определи најниски цени за комуналните услуги за потрошувачите од општината. Oдлуката поддржана од органите на гевгелиското комунално претпријатие стаса на разгледување пред Советот на Општина Гевгелија кое по Статутот на јавното локално комунално претпријатие ги утврдува цените на услугите на комуналните трошоци спрема граѓаните и правните лица. Советот на Општина Гевгелија на последната шеста редовна седница одржана на 28 декември минатата година ги прифати едногласно одлуките за цените за комунални услуги на гевгелиски „Комуналец“.

Ваквото олеснување за граѓаните на Гевгелија и корисниците на градскиот водоводен систем треба да настапи од јануари 2018 година, а новите сметки со новите цени за комунални услуги ќе бидат испорачани во месец февруари годинава.

Кај правните лица цената за собирање и одведување на урбаните води е намалена од 11 денари на 6,43 денари за метар кубен, а цената на потрошен кубик вода ќе изнесува 29,21 денар, што е поскапо за 102 % во споредба со цената за домаќинствата.
Домаќинствата во општина Гевгелија во 2018 година за кубик потрошена вода за пиење ќе плаќаат 14,46 денари наместо досегашните 13,9 денари, додека за собирање и одведување на урбаните води наместо цена од 5,5 денари за метар кубен, годинава ќе плаќаат по 3,6 денари. Вкупните трошоци за двете услуги (вода + канализација) се намалуваат од 19,4 денари на 18,06 по потрошен кубик.

Од 2018 година во Република Македонија за прв пат се воведува нова комунална услуга - прочистување на отпадните води. Цената и тарифа на оваа услуга во општина Гевгелија е изработената според физибилити студија и потврдените критериуми од страна на швајцарските консултанти кои ја следеа изградбата на Пречистителната станица во Гевгелија. Истата од неодамна е во функција и има свои трошоци за одржување и функционирање. Цената на новата услуга за домаќинствата ќе изнесува 13,37 денари, а за правните лица 27,23 денари за метар кубен прочисени отпадни води.

Тоа значи дека вкупната цена за трите видови комунални услуги вклучени во сметката за вода (вода за пиење, канализација и прочистување на отпадни води) ќе изнесува 31,43 денари за физичките лица, односно домаќинствата потрошувачи. За правните лица сметката по кубик потрошена вода, а со тоа и канализација и отпадни води ќе изнесува вкупно 62,67 денари по метар кубен. Со трошоците за прочистување на отпадните води (трошоци за прочистителна станица, кои ќе паднат на товар на потрошувачите приклучени на овој систем, а тоа се водокорисниците од Гевгелија, Богородица и Моин) сметката за вода на едно домаќинство ќе биде поскапа за 74,03 %.

Од општината, кои за оваа новост известуваат една недела по донесувањето на одлуката за новите цени на комуналните услуги на локалното јавно комунално претпријатие, не јавуваат од кога стапува на сила вградувањето на трошоците за прочистување на отпадните води во редовните сметки на „Комуналец“. Значи, ценовниот шок штотуку претстои.

 

 


Стартуваше проектот за уредување на Динќут

Со средства од ЕУ од програмата за меѓугранична соработка општина Гевгелија како партнер со Агенцијата за развој од Банско ќе го уредува туристичкиот и спортски локалитет Динќут

Повеќе

Празничниот јануари ги намали крадците во Гевгелија

Тоа го потврдува и извештајот на Полициска станица Гевгелија која службено констатирала дека во период од 15.01. до 21.01.2018 година на подрачјето на полициската надлежност, нема регистрирано ниту

Повеќе

Гевгелиските угостители на средба со градоначалникот

Угостителите со локалната самоуправа ќе градат солидна туристичка понуда во Гевгелија

Повеќе

Државна пензија за сите

Оваа мерка е предвидена во владината програма и најверојатно ќе се реализира во следната фискална година

Повеќе

Започна второто полугодие за 2.800 ученици во Гевгелија

Крајот на продолжениот зимски полугодишен одмор училиштата го дочекаа подготвени со обезбедено гориво за затоплување на училниците и училишните простории

Повеќе

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос: северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта

Повеќе

Браќата Ристе и Ратко Стефановиќ крстоносители во Гевгелија

Близнаците, браќата Ристе и  Ратко Стефановиќ од Гевгелија, со благослов на црквата ќе го носат крстот во сите домови низ Општината, пренесувајќи ги пораките за здравје, среќа и бериќет во секое

Повеќе

Во Гевгелија светиот крст во рацете на Тодор Цветанов од Бугарија

Среќниот носител на крстот во Гевгелија, Тодор Цветков го имал фатено крстот на Водици во Истамбул, Турција и Москва, Русија

Повеќе

ВИДЕО: Столтенберг за Заев „Тој е мојот херој“

Генералниот секретар на НАТО со пофални зборови за Премиерот на Македонија

Повеќе

Гевгелија домаќин на дипломатски кор

Во организација на Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Гевгелија ќе се одржи свечен прием за дипломатскиот кор во државата

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.