Топ Новости >

25-ти јубилеен Коледарски Хепенинг 2018

  • Петок, Јан 05 2018

 


 


Со голем бадников оган осветен од свештеници од Црквата во Гевгелија, сценски настап на локални изведувачи и голем огномет вечерва на ракометното игралиште во Гевгелија одбележан годинашниот јубилеен 25-ти Коледарски Хепенинг. 

Големиот број посетители беа дочекани со топли напитоци, лесна закуска, локални тезги со бадникови гранчиња кои беа делени од страна на организаторите во знак на испорачани желби за здравје и бериќет на сите. 

На сцената во забавниот дел од програмата настапија изведувачи од Гевгелија Теодора и Глигор, Игор Узунов, групата „Панта Реи“, радио водителот Кире Зарлинов од „Антена 5“, односно DJ Ерик Фокс, а атмосферата ја „запалија“ вечните момци од „Зијан“ и со нивните незаборавни песни и со големиот огномет кој ја следеше нивната музика со распрснати ѕвездени топки над небото на Гевгелија. 


 


Во организација на Локалниот Клуб на Социјалдемократската младина на Македонија за Гевгелија гости на настанот беа потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, инаку актуелен министер за внатрешни работи во Владата на РМ; претседателот на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија, Ташко Дојчинов, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и многу други следбеници на овој традиционален настан. 



Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.