Топ Новости >

Ново тресење на земјиштето во Дојранско

  • Понеделник, Јан 08 2018


На првиот ден од Божиќ регистрирани три земјотреса во близина на Дојранското езеро, а на Бадник уште два со помал интензитет. Последниот е регистриран на три минут пред полноќ, во 23:57:09 часот (22:57:09 по локално време) со епицентар на грчка територија кој се наоѓа во близина на грчкото место Агиа Параскеви, на 26,4 клометри северно од местото Килкис (Кукуш). Територијално гледано тоа е од другата страна на Дојранското езеро на грчка територија.
Силината на потресот е 2,9 степени според европската макросеизмичка скала на длабочина од 2 километри од земјиното тло, со што потресот е класифициран во трета категорија земјотреси.
Истиот е почувствуван и на македонска територија, во Стар и Нов Дојран, Богданци, Валандово, Гевгелија и околните населени места во радиус од 30 километри. За жителите на Гевгелија не беше силен, ниту страшен удар, туку краткотрајно замајување од исток кон запад и тоа на два пати. Сепак, чувството беше непријатно за тие кои го почувствуваа.

 

 

Фото: од Европскиот Центар за сеизмологија - мапа на епицентарот и околните населени места каде е почувствуван потресот

 

На овој земјотрес му претходеше потресот од 2,3 степени според ЕМС кој се случи во 13:32:12 часот исто во подрачјето на северна Грција, на 22,2 километри северно од Кукуш.
Седмиот ден од јануари, на 42 минути после полноќ во истото подрачје е регистриран помал потрес од 1,0 стемени според европската макросеизмичка скала исто на 23,6 километри северно од Кукуш.

Вчерашниот ден 6-ти јануари имаше исто подземни активности на придвижување во овој дел од Грција, а беа почувствувани и во Нов и Стар Дојран, поради близината на потресите. Иако со помала јачина, првиот од 1,6 степени (во 00:27:23 часот) на неколку километри од Дојран, а вториот со јачина од 1,4 степени на оддалеченост од само 22,5 километри од грчкото место Килкис, а помалку од 10-на километри од Дојран.

Ова е само доказ дека потресите од грчко тло постепено се придвижуваат со епицентралните удари кон север, кон бугарска територија. Трусната зона на потресите е во близина на планинскиот масив на Беласица. Слабеењето на јачината на ударите само укажува на последователни афтершокови, што е вообичаено за поголем потрес каков што беше тој на 2 јануари годинава со јачина од 5,1 степен според евроспката макросеизмичка скала.

 

 Фото од Европскиот макросеизмички Центар - црвените точки се местата на епицентар на потресите до 7-ми јануари, зелените точки се местата на епицентарот на земјотресите од 6-ти јануар 2018


 

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

Денеска напладне со свечена церемонија е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Повеќе

Светски ден на Планетата Земја

22 април - Светскиот ден на планетата Земја денес го одбележуваат повеќе од 175 држави низ планената

Повеќе

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

Автопатната делница конечно готова, после две години доцнење во изградбата и од утре, понеделник 23 април, ќе се вози по неа

Повеќе

Се асфалтираат улиците во Дојран

Пред почетокот на туристичката сезона локалната самоуправа ги подобрува урбаните услови за граѓаните и посетителите на општината

Повеќе

Владата го проширува списокот за транспарентност на функционерите

Покрај министрите, и судиите, и градоначалниците, и пратениците јавно ќе мораат да објавуваат колку трошеле

Повеќе

Кривична пријава за надрилекарство за гевгеличанка

Без соодветно образование, без лиценца вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти 

Повеќе

Делегација на Чешката Амбасада и Сенатот на Р.Чешка во Гевгелија

Гевгелиско добредојде за делегација од чешкиот Сенат и Амбасадата на Република Чешка во Гевгелија, предводена од неговата екселенција Мирослав Томан

Повеќе

Прес на Владата по повод чистата препорака за преговори со ЕУ

„Во својот извештај до Европскиот Совет на ЕУ, Европската Комисија предложи кристално чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за Република Македонија“

Повеќе

Симната условеноста за пристапните преговори со ЕУ

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи (Жбогар)

Повеќе

Се обновува градскиот парк во Богданци

Општина Богданци ја реконструира пешачката патека во градскиот парк и го враќа првобитниот изглед на паркот

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.